Прифаќање на смртта за да се живее животот

19.03.2018 02:33
Прифаќање на смртта за да се живее животот

Повеќето луѓе не се подготвени за единствената сигурна работа во животот зашто се плашат да се соочат со смртта.

Но, испитувањето на смртноста може да му даде смисла на животот – дури и на оние кои се на почетокот.

Смртта во филмовите за деца долго време беше начин за да се развие ликот или заслужената казна за злосторниците, но ретко кога била главна тема.

Најновото остварување на Пиксар, „Коко“ е сместено во задгробниот живот кој е „и среќно и трагично место: истовремено и славење на животите на саканите и ламент на нивната загуба“, напиша Моника Кастиљо во Тајмс.

Филмот е приказна за момче кое трага по својот прадедо во Земјата на мртвите. Како инспирација послужил мексиканскиот празник Диа де лос Муертос и филмот кај помладата публика ја отвора дискусијата на тема смрт.

„Гледаме поинаква верзија на задгробниот живот“, наведе Моника Кастиљо. „Без бисерни капии, облаци, ангелски крилја и ореоли“. Таа укажува дека Денот на мртвите е поинаков од Ноќта на вештерките зашто „смртта не треба да нè исплаши“.

Позитивниот став би можел да ни помогне барем малку да се избориме со стравот од смртта: на крајот на краиштата, нема ништо понормално.

Тајмс ја опиша книгата на Кори Тејлор, Dying: A Memoir (Умирање: Мемоари) како „прифаќање на просветлувањето на терминалната болест“ чија цел е да ја нормализира смртта со „возбудлива дискретност“. Тејлор ја напишала книгата кога ѝ бил дијагностициран рак од кој умрела во 2016 година. Во книгата ја отфрла „монструозната тишина“ која е опкружена од смртноста.

„Што сме ние ако не тело кое мозокот го носи на прошетка, само за да види што има таму“, напиша таа.

Џенифер Сениор напиша приказ за книгата за Тајм наведувајќи: „За што размислуваме и што планираме за своето заминување?“

За еден постар човек на Флорида планирањето на заминувањето значи тетовирање „Не оживувај“ на градите.

Дури го истетовирал и сопствениот потпис под тоа. Тајмс пренесе дека болница примила несвесен 70 годишник на лекување, но тој не можел да зборува и набрзо почнал да пропаѓа. Докторите го консултирале експертот за етика Кенет Гудман и ја испочитувале тетовираната желба на човекот.

„Не би се мачеле толку и не би го гледале тоа во огледало ако не размислувате така“, рече Гудман за Тајмс.

Мажот буквално ја спроведувал формата мементо мори, средновековна практика на редовно размислување за смртта која има разни облици во разни култури, вклучувајќи ја и модната.

Секој што сака потсетник кој го отчукува времето може да го купи часовникот „The Accurate“ од фирмата Mr. Jones Watches.

Едната сказалка е зборот „сети се“, а другата „ќе умреш“.

Ариел Адамс, која го основала aBlogtoWatch, за Тајмс рече дека часовникот „претставува секојдневен предмет, но и потсетник за луѓето да не се нервираат заради малите нешта и да се фокусираат на важните работи во животот како што е – вистински да живеат“.

Извор: The New York Times

ОкоБоли главаВицФото