Можна ли е вербата за современиот човек? – Греми-номинираниот албум на Стале Клејберг

19.03.2018 14:29
Можна ли е вербата за современиот човек? – Греми-номинираниот албум на Стале Клејберг

Ѕвездата на норвешкиот композитор Стале Клејберг (Ståle Kleiberg) полека се издига сè повисоко последнава деценија, откако ја доби втората Греми награда за операта од 2013, Давид и Витсавеа (David and Bathsheba). Неговиот ораториум, Миса за современиот човек (Mass for the Modern Man), го компонира по две години и, како и во останатиот дел од неговата музика, главно преовладуваат силни емоции.

Компониран во осум делови за два солисти (сопрано и баритон), мешан хор и оркестар, ораториумот употребува традиционални текстови од Латинската миса, движејќи се меѓу обичајните реквиеми на мисата и три нови пасуси на англиски од Џесика Гордон, либретистката на Давид и Витсавеа. Поставувајќи го прашањето „можна ли е вербата за современиот човек?“, темата на делото е зајакната од воочливите, трогнувачки интерполации на Гордон и карактеристично богатата музика на Клејберг, нагласена со вметнати нијанси и убавина која ве вовлекува.

Миса за современиот човек, дело кое цели да ги опфати „загубата на егзистенцијално значење како антитеза на верата и вербата“, е разнежнувачко дело кое ќе ве убеди во ужалената болка во латинските текстови, спротивставена на тивката лутина и обвинение на вињетите на Гордон, кои преставуваат бегалец, смрт на дете и потиштувачко, сеприсутно чувство на сомнеж. Збирот на ова цели кон сложеност – решението, какво и да е, нема да е лесно, сугерира делото – додека Клејберг со сочувство, но несигурно, се придвижува кон страната на промена и напредок.

Музички, доминира омекнат тоналитет, а Клејберг создава одолговлечен, хипнотичен лирски сјај кој на места е засенет од намерното акцентирање на една нота за секој слог, за да се нагласи целната ‘порака’ на текстот. Слична на Воен реквием на Бенџамин Бритен и Полски реквием на Кристоф Пендерецки, ова е изразито секуларна миса (иако тука завршуваат споредбите), која црпи влијание од Германскиот реквием на Брамс, во спокојот на замислената, нео-романтичарска лирика, ако не во обем.

Ејвинд Гулберг Јенсен, кој ја диригираше премиерата на делото, извлекува милозвучни, нежни мелодии од неговите Трондхајмски сили – приспособливиот и посветен хор, кој е сразмерно составен и целосно понесува. Јасногласната сопрано вокалистка Мари Ериксмен и жизнениот баритон Јоханес Вајсер имаат феноменална изведба, пеејќи со опипливо чувство – ‘Загубата на дете’ е особено болно изведена – иако на моменти звучат соголени од склоноста на Клејберг кон ниска, одмерено зајадлива музика.

Снимениот звук е прекрасно широкопросторен (дури и премногу во поинтимните моменти), а музиката има многу да прикаже, не само во суштинската отмена грациозност и лирска широкоградност на Клејберг.




извор: primerphonic.com