Промоција на „Анапурна, агонија и молитва“ на Здравко Дејановиќ

19.03.2018 15:43
Промоција на „Анапурна, агонија и молитва“ на Здравко Дејановиќ

На 26 март (понеделник), во 19 часот, ќе се одржи промоцијата на книгата „Анапурна, агонија и молитва“ на Здравко Дејановиќ во просториите на кино Фросина, МКЦ. Влезот е слободен.

По „Како го искачив К2“, ова е втората книга која ги опишува личните патешествија на Дејановиќ во најсуровите предели на земјата. Дејановиќ е единствениот Македонец кој ги има искачено К2 и Анапурна, два од 14-те планински врвови во светот кои се издигаат над 8000 метри надморска височина. Успешното искачување (и спуштање) на овие врвови се смета за еден од најтешките и најсмртоносни подвизи во алпинизмот, далеку потежок од искачувањето на највисокиот Монт Еверест, кој Дејановиќ исто така го има искачено. За предизвиците и жртвата при освојувањето на Анапурна, прочитајте во новата книга на Дејановиќ.




 

ОкоБоли главаВицФото