Духови

19.03.2018 19:03

Некои духови се жени,
не се апстрактни, ниту бледи,
градите им се млитави, како убиени риби.
Не се вештици, туку духови
што доаѓаат, ги мрдаат бескорисните раце
како напуштени слуги.

Не се сите духови жени,
сум гледала и други:
дебели, мажи со бел стомак,
гениталиите ги носат како стари крпи.
Не се демони, туку духови.
Овој босоног тупка, се тетерави
над мојот кревет.

Но тоа не е сè.
Некои духови се деца.
Не се ангели, туку духови:
се извиваат како розикави шољички за чај
на некоја перница или се ритаат,
покажувајќи ги невините задници, завивајќи
за Луцифер.

Превод: П. В.

Ен Секстон (Anne Sexston, 1928-1974), американска поетеса. Неколку години работела како манекенка во Бостон. Од 1967 до самоубиството работела како универзитетски професор по книжевност и креативно пишување на повеќе универзитети. Објавила повеќе од десет поетски книги.

Таа е изразито конфесионална писателка. Нејзините исповеди се вознемирувачки и радикални, иако понекогаш - што е исто така типично писателски - се измислени.

Таа е и еден од првите борци за женските права во Америка. Пишувала отворено и храбро што значи да се биде жена во американското општество.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото