Другиот

20.03.2018 18:02

Под мојата утроба, жолта од чад,
чека.
Под моите очи, тие млечни зајчиња,
чека.
Чека.
Чека.
Г-дин Doppelgänger. Мојот брат. Мојот сопруг.
Г-дин Doppelgänger. Мојот непријател. Мојот љубовник.
Кога вистината се просипува како грашок,
ја спушта слушалката.
Кога детето ќе се смири и се одмора врз градите,
мојот друг е тој што голта Лисол.
Кога некој ќе бакне некого или ќе пушти вода во вецето,
мојот друг е тој кој се склопчува и плаче.
Мојот друг удира во лимениот барабан во моето срце.
Мојот друг ги шири алиштата додека се обидувам да спијам.
Мојот друг плаче и плаче и плаче,
кога ќе го облечам фустанот за коктел.
Плаче кога набодувам од компирот.
Плаче кога некого поздравувам со бакнеж.
Плаче, плаче и плаче,
сè додека не ја навлечам бојосаната маска
и не му се искривам на Исус во Неговото страдање.
Тогаш се кикоти.
Тој е стега-прстокршач.
Неговата омраза го прави видовит.
Можам само да се потпишам преку сè,
преку куќата, кучето, скалите, накитот,
душата, семејното стебло, поштенското сандаче.

Тогаш ќе можам да спијам.

Можеби.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото