Почина Вера Бранѓолица – основоположничка на македонската балетска сцена

21.03.2018 12:44
Почина Вера Бранѓолица – основоположничка на македонската балетска сцена

Вчера, на 20 март, балерината Вера Бранѓолица, една од основоположниците на балетската сцена во Република Македонија, почина на 82-годишна возраст.

Родена во Скопје, 1936 година, Бранѓолица ја започнува својата плодна балетска кариера на 14-годишна возраст и има играно многу улоги во нејзината матична куќа – Македонската опера и балет.

Од 1949 до 1976 година таа е член на Балетот при МНТ. Како истакната солистка со исклучителна музикалност и извонредно чувство за драматуршка изведба на улогите, нејзиното име стои зад улогите во многу балетски претстави, меѓу кои: Кармен во „Кармен“ од Жорж Бизе, последната улога во нејзината професионална кариера, Воденичарка во „Трирогатата шапка“ од М. Де Фаља, Тамара во „Тамара“ од М. Балакирјев, Дадилка во „Ромео и Јулија“ од С. Прокофјев, цигански танц во операта „Травијата“, „Дон Кихот“ и многу други.

Комеморација во чест на Вера Бранѓолица ќе се одржи во Македонската опера и балет в четврток, 22 март, со почеток во 12.30 часот.

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото