Ѕвездена ноќ

21.03.2018 17:56

Тоа не ме спречува да осетам страшна потреба за,
дали да го изговорам тој збор, религија. Потоа излегувам
навечер да ги сликам ѕвездите.

Винсент Ван Гог, од писмата до братот

Градот не постои
освен таму каде што едно црнокосо дрво
се искачува како удавена жена на врело небо.
Градот е тивок. Ноќта врие со единаесет ѕвезди.
О ѕвездено ѕвездено небо! Вака би сакала
да умрам.

Се помрднуваат. Сите тие се живи.
Дури и месечината бабри под портокаловите окови
да ги поттурне децата, како бог, од своето око.
Старата невидлива змија ги голта ѕвездите.
О ѕвездено ѕвездено небо! Вака би сакала
да умрам:

во таа забрзана ѕверка на ноќта,
би ме вшмукал големиот змеј, да се разделам
од својот живот без знаме,
без утроба,
без плач.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото