1013 hPa
78 %
20 °C
Скопје - Пон, 09.09.2024 07:59
ЧИКАГО – Милиони американци признаа во четвртокот дека не им е жал што им ги украле податоците од Фејсбук, со објаснување дека вредело да се види таков спектакл, да видат како цмиздри тоа мало копиле. „Да, тапа е што приватни податоци биле конфискувани и искористени во недозволени психолошки анкети – нема оправдување за тоа – но, човече, супер е да видиме како тој арогантен гомнар се мачи да спои крај со крај,“ вели еден корисник на Фејсбук, додавајќи дека едвај чекал да ги види потните флеки под мишките на познатите сиви маици на дигнатион шупак додека пелтечел на неколку национално емитувани интервјуа. „Само што го замислувам копилето како седи сам во канцеларија и не крева телефон додека се обидува да го спречи цунамито на тужби и конгресни распити – Боже, мислам дека можам среќен да умрам.“ Американската популација наводно блика од радост како што акциите на Фејсбук паднаа уште пониско.
извор: theonion.com