Крај на минотаурите

26.03.2018 20:49

Ноќе низ прозорците од првите катови
може да се види следното
таа се истегнала на столот
и ги отвора Старогрчките митови
нејзиниот стомак е дом и шуплина
истовремено
и римата не е причина
што е бремена

тој сега е Индијанец
го легнал увото врз нејзиниот стомак
и навистина слуша чекорења
затоа е така уплашен
внатре некој чекори
има таму тајни одаи
скривалишта и коридори
скали и гелендeри
си мисли мажот не кажува ништо
дозволено ми е само до влезот
си мисли мажот не кажува ништо
или го обезбедувам влезот
си мисли мажот не кажува ништо

Низ прозорецот се гледа дека жената
е спокојна и дека не постои начин
она внатре да се изгуби во лавиринтот
со нишката од нејзината папочна врвка

Превод: Никола Маџиров

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото