Третиот пол

27.03.2018 15:16

Ја видов потоа Мајката на своите деца
повеќе мајка помалку жена
тоа е си реков различен пол
тоа е нешто друго нешто трето
не ни е дадено да знаеме сакам
да го повторувам многу бавно
за да свикнам
Сега е мајка на своите деца
Сега е мајка на своите деца
Сега
шишарка и пчела
е мајка
пчелна пита кошница
на своите деца


„...така заљубениот се буди осиротен, кога неговата љубена ќе препознае друг маж за свој и ќе му изроди чеда. О, тешко тогаш на љубовникот, но двапати потешко на сопругот, зашто и двајцата ќе бидат сираци при жива мајка. Тешко ним!“ (стара југоисточна тажаленка)

Превод: Никола Маџиров

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото