Српските и косовските политичари предупредуваат дека на регионот му се заканува смиреност на тензиите

29.03.2018 15:21
Српските и косовските политичари предупредуваат дека на регионот му се заканува смиреност на тензиите

БЕЛГРАД/ПРИШТИНА – по неодамнешната драматична сцена со приведувањето на Марко Ѓуриќ, директорот на Канцеларијата на Косово, српските и косовските политичари се сложни во проценките дека на регионот му се заканува смирување на тензиите.

Како што велат, не може реално да се очекува дека и во наредните денови ќе продолжи тензијата од изминативе денови, а поради ова на регионот му се заканува ескалација на мир и нормални соседски односи.

Важно е граѓаните да останат прибрани и да не наседнуваат на провокациите за смирување на страстите – изјави накратко српскиот претседател Александар Вучиќ и наведе дека веќе неколку пати се случува истото.

Повеќе пати се крена тензија во последниве неколку години, на пример со испишаниот воз во Косовска Митровица, или кога се чекаше Рамуш Харадинај да биде екстрадиран во Србија, но по неколку дена ситуацијата во регионот беше нормална – забележа Вучиќ.

Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај напомена дека Албанците и Србите живеат на нестабилно подрачје во кое веќе со години, неколку недели големи тензии за час ескалираат во мирна состојба.

извор: njuz.net