Не е шега: дискриминација и цензура

30.03.2018 11:19
Не е шега: дискриминација и цензура

Во периодот од 1 до 10 април во Музеј на Македонија ќе се одржат серија настани „Не е шега: дискриминација и цензура“. Програмата содржи изложба на плакати, кино проекција, трибина, работилница, промоција на книга и џез концерт поврзани со дискриминацијата и цензурата во денешните и минатите општества.

Настанот е резултат на соработката помеѓу Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Музеј на Македонија, коишто неодамна потпишаа меморандум за соработка, така што оваа манифестација е првата во редицата други коишто следуваат во иднина.

Првичната идеја за овој настан произлегува од соработката помеѓу Правниот факултет и Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде што се реализираа студентски конференции и изложби на плакати поврзани со дискриминацијата и цензурата. Оваа институција во соработка со Музеј на Македонија ги прошири содржините поврзани со овие теми, така што освен изложбата вклучува и други активности во кои ќе се дискутира за овие исклучително битни и сè уште актуелни општествени процеси.

„Не случајно овој настан започнува на 1 април, денот на шегата, која што не ретко се однесува на исмевање на другиот. Во таа смисла, исмевањето претставува опасна подлога за говор на омраза, дискриминација, дури и цензурирање на другоста. Затоа овој настан преставува вистинска можност да се прикажат формите на дискриминација и цензура, но воедно и да се говори за нив во рамки на македонското општество коешто изобилува со дискриминација по многу основи: национална, верска, политичка, сексуална, родова, културна, научна итн. Од тие причини, овој настан ќе има за цел да истакне дека единственото нешто што заслужува да биде дискриминирано е цензурата, и дека само дискриминацијата треба да биде цензурирана“, пишуваат организаторите.


Организатори:

Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип (Ликовна академија, Правен факултет, Музичка академија), Музеј на Македонија иДебатно кино „Контра Кадар“.

Куратор на изложбата: вон. проф. м-р Јана Јакимовска

Координатор на програмата: доц. д-р Гоце Наумов


ПРОГРАМА:

1.4.2018 (недела),
20:00 – мала изложбена сала на Музеј на Македонија
Свечено отварање на студентска изложба „Цензура“ на студентите од Ликовна академија при Универзитет „Гоце Делчев“

3.4.2018 (вторник)
19:00 – кино сала на Музеј на Македонија
Филмска проекција и дискусија во организација на Дебатно кино „Контра Кадар“

4.4.2018 (среда)
12:00 – кино сала на Музеј на Македонија
Трибина на тема „Цензура во уметноста и науката“

5.4.2018 (четврток),
10:00 – кино сала на Музеј на Македонија
Работилница за изработка на плакати предводена од вон. проф. м-р Јана Јакимовска на тема „Миграции“

10.4.2018 (вторник),
20:00 – кино сала на Музеј на Македонија
Промоција на публикација „Не е шега: дискриминација и цензура“
21:00 – кино сала на Музеј на Македонија
Концерт на студентите од Џез одделот на Музичка академија при Универзитет „Гоце Делчев“ под раководство на вон. проф. м-р Тони Китановски


 

Слични содржини

Активизам / Балкан / Култура

ОкоБоли главаВицФото