Змијарка

30.03.2018 16:43

Еднаш бев змијарка,

Единствена личност, се чини, во целото место
која не се плашеше од змии.

Обично ги ловев со чепорошка
во грмушки млечнобилје или под тремовите и трупците
за да ја сетам таа вена од студен зелен метал
што ќе ми миголка под прстите ко жива
или ќе се свие ко сирова белегзија
што ми го стега зглобот:

Ги следев по мирисот,
гаден мирис, киселкав жлезден лач,
на распорен мев,
мирис на нивниот страв.

Кога ќе ги фатев, ги носев
клапнати и исплашени, во трпезаријата,
што дури и мажите ги полнеше со ужас.
Колку ми беше забавно!
Ако ми го ставиш тоа чудо в кревет, ќе те убијам.

Сега, не знам.
Сега внимателно би размислила за тоа.

Превод: Зоран Анчевски

 

ОкоБоли главаВицФото