Олимпија на Мане

01.04.2018 14:03

Таа е, горе-долу, прилегната.
Пробај ја таа поза, не е баш опуштена.
Десната рака ѝ е остро свиена.
Со левата ја прикрива својата стапица.
Чевли, но не и чорапи,
колку застрашувачки. Цветот
зад увото е природно
нестварен, во согласност
со прекривачот на миндерот.
Прозорецот (ако го има) е затворен.
Ова е внатрешен грев.
Над главата на (облечената) слугинка
има невидливо балонче со текст: Курва.

Но. Да го разгледаме телото,
Не е кревко, одбивно е, бледите пупки
зјапаат во тебе како полн погодок.
Погледнете ја и црната лента
околку вратот. Што има под неа?
Нежен црвен конец, каде што главата
била скината, па повторно залепена.
Телото е на продажба,
но за вратот дај колку што ќе дадеш.
Не се работи за ситен залак.
Облечи ја и ќе добиеш учителка,
од оние со камшик во нежна рака.

Има уште некој во собата.
Ти, господине Воајер.
Што се однесува до тој твој објект,
има таа веќе видено такви, и поарни.

Јас, главата, сум единствениот предмет
на оваа слика.
Ти, господине, си парче мебел.
Еби се.

Превод: Зоран Анчевски

 

ОкоБоли главаВицФото