Парада на богатството

30.08.2010 14:42
Парада на богатството

Дизајнерска облека, скапоцен накит или луксузни чанти со блескаво истакнати логоа, чија цена го надминува БДП на помалите африкански држави, на прв поглед делуваа банално, но всушност се работи за амблемите на богатството и статусот.

Дизајнерската облека секогаш претставува сигнал за банкарската сметка или лимитот на картичката, па зошто тогаш едноставно да не почнете да ги носите парите наместо да ги трошите?

Младата дизајнерка Лорен Тикл се досети на ваквиот концепт и го претстави на овогодинешната њујоршка Недела на дизајнот. Истражувајќи и иронизирајќи ја потрошувачката низ својот проект Value Exploration, таа максимално го банализира фетишизмот на потрошувањето низ ѓерданот, брошот и женската чанта кои се изработени од доларски банкноти. Станува збор за модни додатоци кои ги преобразуваат макотрпно заработените пари во ултимативен приказ на богатството. Дизајнерката се прашува зошто сакаме да го покажеме сопственото богатство и во склад со тоа, се обидува максимално да ја оголи вистинската економска вредност на парите.

Користејќи банкноти од долар, сребро, латекс и флакс материјали, Тикл создава интересни ѓердани и брошеви кои чинат онолку колку што се потрошени пари и материјал за нивно создавање – од 14,5 до 30 долари. Таа сака да ни покаже дека сите луксузни предмети, по кои копнееме, се само фетишизиран сиров материјал.

Исклучително интелигентна идеја, но дали и Народната банка исто така благонаклонето ќе гледа на критиката на економската вредност на парите низ нивното уништување?