Жал ми е за мојот стуткан народ

01.04.2018 22:33

Влегувам во лифт во нашата зграда. Со мене влегува и едно момче од дваесетина години. Тежок молк. Нема ни "добар ден", ни "здраво". Слична сцена сведочам неколку пати во последно време. Се мислев... дали да му кажам дека треба да се поздрави? Ќе помогне ли ако го кажам на убав начин, хумор не можев да смислам.

Ми текна како лани уживав во културата на Холанѓаните. Ако ти застанат очите малку подолго на некого, веднаш добиваш насмевка и музикално "хелоу", независно дали се разминуваш на улица или на друго место.

Ми стана жал, многу жал за мојот стуткан народ.

Светлана Сеси Камџијаш, Фејсбук, 25.03.18.