Хито Штаерл: HellYeahWeFuckDie

01.04.18 23:56

Локацијата што Штаерл ја избра за нејзината инсталација е Westdeutsche Landesbausparkasse (LBS штедилница) со својот футуристички технократски архитектонски стил. Била изградена во 1975 година на северниот крај на старата зоолошка градина, од банкарот Лудвиг Пулен.

Во салата што била наменета за благајната и фоајето има кинетички дела на Хајнц Мак, Гинтер Уекер, Ото Пине и други, од колекцијата на LBS, која повторно е достапна за јавноста во рамките на Skulptur Projekte во Минстер. Штаерл има инсталирано тубуларни челични бариери и прегради во фоајето на модернистичката зграда.

Компилираните аудиовизуелни секвенци може да се видат на три монитори: документирани лабораториски снимки што прикажуваат компјутерски симулирана или реална физичка сила која се применува на хуманоидните роботи за да ја тестира нивната способност за одржување рамнотежа.

Видеата започнуваат со анимирање на фрагментирана реченица: HELL YEAH WE FUCK DIE - што според онлајн списанието Billboard се најчесто користените пет зборови на музичките листи на англиски јазик во изминатата деценија. Тие се основата за музичките композиции и се појавуваат во неонски букви, спакувани во бетон.

Во помалата просторија за благајни во задниот дел има уште една инсталација со истите елементи и дополнително видео: снимки од југоисточна Турција на курдскиот град Чизре на границата со Сирија, која сега наликува на град на духови, по бројни престрелки со ескалацијата интензитетот меѓу владата и КРП (Курдска работничка партија). Тоа е родниот град на арапскиот писател и инженер Ал-Џазари, кој напишал книга за механички апарати во 1205 година, пренесувајќи знаење за ингениозни направи, дело познато во западната култура како Automata.

Штаерл ги комбинира сликите на градот со прашања насочени кон SIRI, софтверот инсталиран на мобилниот телефон: Каква улога игра компјутерската технологија во војна?

 Извор: vernissage.tv

Слични содржини

Филм / Око
Фотографија / Психологија / Око
Фотографија / Квир / Око
Уметност / Филм / Око
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото