ПАНГРАМ #2: пристигнаа 80 панграми од 22 автор(к)и

03.04.2018 16:04
ПАНГРАМ # 2: пристигнаа 80 панграми од 22 автор(к)и

На вториот Панграм конкурс ни пристигнаа 80 панграми од 22 автор(к)и (десет авторки имаме, всушност).

На конкурсот свои дела испратија: Марија Ангеловска, Бенита Белешкова, Драган Денковски, Тони Димитров, Ирена Блажеска, Виктор Закар, Игор Котески, Томислав Лазаревски, Фанија Макешоска, Тони Миленковски, Стефан Митиќ, Билјана Михајловска, Тони Павлески, Маргарита Поповска, Будимка Поповска, Бојан Ропевски, Александар Станковски, Викторија Тасева, Кристина Тодосиова, Маја Трајаноска Ивановска, Марко Хиниќ и Јовица Чупевски.

Многу ви благодариме, драги и почитувани учесници и учеснички на конкурсот, што помагате да се развиваат и популаризираат и вакви не толку вообичаени книжевни и креативни форми. Ви благодариме и за мошне високото ниво на повеќето панграми што ги испративте ‒ тоа зборува за вашиот сериозен пристап, за креативноста и одговорноста (ствари што ни фалат во општеството).
Во петок на насловната страница на Окно ќе ги објавиме десетте најдобри, во избор на редакцијата на Окно.

Во следниве три дена, во три продолженија, ќе ги објавиме сите пристигнати дела.

Денес ги објавуваме делата на осум автор(к)и.

 


Викторија Тасева (1)

На тепих со детаљ џбун цвеќиња флегматично лежам и се ѕверам во леш кој базди на ѓубре.

 

Александар Станковски (1)

Љуман лежи и цел ѓеврек си јаде. Џабе плачење, ѕвечарка Шехерзада ќофте не му готви.

 

Тони Миленковски (2)

Монахиња на аџилак со јајца ѕвезди гаѓа: Ќе чуеш ли боже за прстофат љубов?

 

Ох љубов, дење место ѕвезди, жар птици фаќаш, од ѓаволски канџи под јазик ги чуваш.

 

Маргарита Поповска (2)

Жилети од Бирмингем љубат коњи и џез, со ќеф за скоч без цех, спој од ѕвер луѓе со шарм.

 

Жилети од Бирмингем љубат коњи и џез, опијат и скоч без цех, ѕвер луѓе со ќеф за шаржер.

 

Будимка Поповска (3)

Џо научи, не се ист фах: љубење в ќош, црв со веѓа, газ до ѕид и помија од желка!

 

Џошуа кај мајка на гости; со дрвени чевли ‒ за љубење ќеф, а на ѕидот, хор од пцости.

 

Газлест ѓавол нејќе џип, чамец и шах: сал жедно љумфер в бања ѕирка!

 

Кристина Тодосиова (4)

Љубопитност гори жал, за хара в ѕид цела фушкија чека, ко ноќен ѓол по џбун на коњ мал.

 

Во сложувалка се наоѓаа зборови: јак, цут, љуби, град, ќуп, џем, чек, фишек, коњ, ѕид, хор.

 

Ko џин, ѕвер, хаос за ѓем кон коњ цели, од беља жалфија ко ќор шут грип да лечи.

 

Грациозност од маѓепсана љубов ѕвони храбро, чекајќи џбун за фишек жално да убие коњ.

 

Виктор Закар (6)

Ѓоа жешкичок, вкусен ќај љубиш да си каснеш. Па, ми ѕврцкаш ли? Ха. Џезвиња со кафе? Готово.

 

Ќелав љубовџија има џип на Хвар. Ѕвекна со цел ѓон врз жешка тиња над асфалт. Ко на чига!

 

Катиљ зезвек, мрсен ѕвер одлепи по чај, рицинус и ѓоа жешко ќуфте. Џабе њоки нејќе во Хаг.

 

Ѕвони од џенем! Ќутук. Ко фитиљ гориш. Бол. Сет жар. Цвилиш. Молчи. За Њупорт јахта ѓоа не иде.

 

Хаику‒песна ми пиша љубовна. Џине, ѕвездо. Ѓутуре чалгај букви. Цап! Во жешка тиња ‒ од ќеф.

 

Љуби да се јави во три рано. Џгурајќи, чезнееше по неа. Туф, од копнеж ѕемне цел. Ух, ѓоа иње.

 

Марко Хиниќ (10)

Љубов со ѕвезда: ќејф и пех: Ѓурѓица гола вџашено трчка по мажиња.

 

Снежи тиркиз Багдад, фаќа луња, хаџија ѓоа љушпа цврчи‒ѕемне.

 

Ќеф меѓу џиш‒жад соѕвездија, љубопитно галење ко хрчаци.

 

Сакам ѓердан, ѕрцала и фитиљ, а хоџабашијата в ќупчиња ги заложи.

 

Хипербола: чудовиште врз ѕуница со џамлија коњ гаѓа и жуљ фаќа.

 

Ха! Виљушкар за гмечење жица во дефект, ѕенѕајќи се џембоса по ѓаволите.

 

Ѕверот њушка љубичица и гледа низ џам: Хеј, вжарен сеф ќе паѓа!

 

Хајди, жалче, фрцка газиња. Петре сељак ѕури ѓоа вџашено ќумбе.

 

Ѕујат ѓезвиња, а Љатиф грицкаше лахмаџун и ќебапче на Дижонска.

 

Коѕијас ѓубреџија пљампач грд, фаќа за живец коњ во наш хотел.

Слични содржини

Книжевност / Култура
Книжевност / Култура

ОкоБоли главаВицФото