Виновен е уредникот: Дарко Каевски

04.04.2018 21:43

Да резимираме: единствен проблем во изданието за кое зборуваме цел ден е уредувањето, уредникот. Во импресумот како уредник стои Дарко Каевски и виновен е тој. Доколку самиот навистина ја уредувал книгата - не смеел да го прави тоа, зашто не е компетентен. Доколку некој друг уредувал, а го ставил неговото име - повторно е виновен Каевски, зашто го дозволил тоа. Едно е да си комисија и да одбираш, друго - да пишуваш поговор, а сосем трето - да си уредник на изданието и сето тоа да го споиш и да го направиш како што треба... Не се виновни авторите - тие си праќаат што сакаат; не е виновна ни комисијата - таа го избира најдоброто од пристигнатото, виновен е уредникот: Дарко Каевски.

Оливера Ќорвезироска, Фејсбук, 03.04.18.