Кензо Танге инспирација за сценографијата во новиот филм на Вес Андерсон

05.04.2018 00:48
Кензо Танге инспирација за сценографијата во новиот филм на Вес Андерсон

„Пеколна и убава"е архитектура во новиот филм на Вес Андерсон, „Остров на кучиња" (Isle of Dogs) и има силни референци на јапонскиот архитект Кензо Танге, вели главниот сценограф, Пол Харод.

Тој работел со режисерот Андерсон на новиот анимиран филм, кој наскоро треба да пристигне во киносалите низ светот. Харод ги проучувал делата на Танге, како и други примери од движењето на метаболистичката, футуристички ориентирана архитектура во Јапонија, за да ги создаде сетовите на филмот.

Филмот се случува во измислените светови на Мегасаки Сити и Островот на ѓубрето, кои се наоѓаат во јапонскиот архипелаг околу 20 години во иднината.

„Естетиката беше филмот да се случува 20 години во иднината, но тоа не се 20 години од нашата иднина", вели Харод. „Тоа се 20 години од некое минато, како да сте се обиделе да ја замислите Јапонија во 1963 година и потоа да си ја претставите 20 години подоцна од тоа минато".

„Има нешто посебно и карактеристично јапонско што е специфично и се чувствува овде , па затоа се обидовме колку што е можно повеќе да ги направиме работите што ја претставуваат оваа фиктивна верзија на Јапонија да бидат препознатливи како јапонски", вели Харод. „Метаболистите не ја отфрлија историјата на јапонскиот дизајн".

Харод е сценограф за анимација и дизајнер кој живее и работи со во Портланд, Орегон. Работел со копродукцискиот дизајнер Адам Стокхаузен за да креира и потоа изгради 240 сетови на филмот и 44 сцени, кои беа снимени во „Three Mills Studios“ во источен Лондон.

Филмот го следи 12-годишниот Атари и потрагата по неговото куче Спотс, кое е прогонето од Мегасаки Сити на Островот на ѓубрето, заедно со целата популација на кучиња во Јапонија, по појавата на епидемијата на кучешки грип.

За да го визуелизира Мегасаки Сити, дизајнерот првенствено се свртел кон делата на добитникот на наградат „Притцкер“, Кензо Танге. Архитектот кој е најпрепознатливата фигура на движењето на метаболистичката архитектура, а кое се појави во 1960-тите години на минатиот век, по периодот на економско заздравување на Јапонија.

„Изгледот на Мегасаки Сити е комбинација на метаболистичката архитектура и повеќе видови на облакодери и згради", објаснува Харод. „Потоа ги вклопивме и ги комбинираме широките кадри од Мегасаки Сити со Стариот град, кој во суштина се наоѓа во соседството што го гледате во преден план на долгиот почетен кадар. Стариот дел е релативно непроменет во последните 100 години. Тоа е естетиката на старата предвоена Јапонија".

Друг извор на инспирација беа архитектонските дела во Јапонија на Френк Лојд Рајт. Куќата од цигли што е дом на злобниот градоначалник на Мегасаки, беше моделирана по углед на сега веќе непостоечкот „Империјал хотел“ во Токио, дизајниран од Рајт во 1923 година.

„Го искористивме хотелот Империјал како модел за резиденцијата на градоначалникот Кобајаши, вилата од цигла. Ни се допаѓа тоа што таа претставува фузија на традиционална јапонска архитектура и модернизмот од 20-от век", вели Харод.

Додека линиите на покривот реферираат на дизајн од периодот Едо, самата структура е повеќе ѕидарска отколку дрвена, а сугерира план во западен стил", објаснува тој.
„Мислам дека Френк Лојд Рајт отсекогаш бил привлечен за филмските дизајнери поради неговата употреба на силни хоризонтални линии и слоеви кои можат добро да послужат за широки кадри, но ние всушност отидовме малку повеќе вертикално за да му дадеме поголема видливост“, тој додава.

„Островот на отпадоци“ се однесува на периодот Едо во Јапонија. Инспирација за островот на Харод му биле традиционалните укијо илустрации од периодот Едо, особено работата на уметниците Хирошиге и Хокусаи.

„Овие две многу различни работи ги поставивме заедно и го добивме резултатот од идејата - естетизирање на ѓубрето.
Тоа ѓубре е таму, тоа е твојата еколошка состојба, но начинот на кој е насликано носи некоја убавина.

„Истовремено е и пеколно и убаво, тоа е пустелија која страда од неверојатно индустриско загадување".
Харод и неговиот тим користеле материјали како пластични завртки и стари машински делови за да го креираат Островот на ѓубрето, што беше така направен за да изгледа „тврдо" и „искривено".

„Во голема мера детално ги планиравме техниките на изработка на моделите во овој филм. Имате контраст помеѓу Островот на ѓубрето, со многу камења и всушност е една голема урнатина, со напуштени забавни паркови и фабрика за тестирање на животни која долго време е само руинирана зграда", објаснува Харод.

„Потоа, создаваш контраст со Мегасаки Сити, кој е многу светол и чист, причината е што тие одлучиле сиот свој отпад да го фрлат на овој остров. Значи, постои и футуристички елемент за Мегасаки Сити".
Облаците и токсичните испарувања биле направени рачно од парчиња памучна волна, додека барите биле создадени со плексиглас покриен со проѕирна фолија.

„Тоа е навистина стара техника која со години се користи во анимацијата. За облаците и токсичните гасови и сличните ефекти користевме памучна волна, маглата може да биде само едно парче од памучна волна поставено на сетот. Аниматорот физички ја поместува таа памучна волна за да ѝ даде живот. Вообичаено, начинот на кој би направиле вода е со парче плексиглас што е покриено со пластична фолија, а аниматорите создаваат мали брчки кои ја фаќаат светлината.

Филмот „Остров на кучиња“ ќе почне да се прикажува на повеќе места во светот од 6 април.

Извор: dezeen