Длабоко суперладење

05.04.2018 00:27
Длабоко суперладење

Што се случува со дрвјата кога температурите ќе станат многу ниски?

Во текот на зимата растението е во состојба на мирување. Неговиот раст е запрен на есен со првите ниски температури и недостатокот на светлина кога почнува постапното адаптирање на новите услови. Ако температурата паѓа постепено, растението не доживува стрес, па дури и во ситуации кога температурата паѓа и до минус 40 или минус 45 степени Целзиусови, тоа ќе преживее.

Растенијата, токму како и човечкото тело, во најголем дел се составени од вода, но температурите под нулата за нив во некои ситуации можат да бидат погубни.

Смрзнувањето на дрвјата ја спречува дехидрацијата на клетките кога водата се повлекува во меѓуклеточниот простор каде мразот не е смртононсен.

Освен тоа, ткивото на растенијата поседува уште еден механизам кој не дозволува формирање мраз, барем не во деловите во кои би можеле да предизвикаат повреди. Оваа способност на растенијата и рибите кои живеат во многу студени води често се нарекува „длабоко суперладење“ – течностите и гасовите дури и на температури пониски од нивната точка на смрзнување не преминуваат во цврста состојба.

Растенијата успеваат да ги зачуваат своите клетки несмрзнати благодарение на синтезата на таканаречените антифриз протеини кои го запираат формирањето мраз. Овие протеини ги создаваат не само растенијата и рибите туку и бактериите и другите видови.

Појавата во педесеттите години на 20 век ја опишал Пер Фредрик Шоландер, кој верувал дека рибите од студените мориња имаат некаков „антифриз“ во крвта. Во текот на шеесеттите години Артур Л. Деври успеал да го изолира споменатиот антифриз протеин кој се создава во рибите, а дури неколку децении подоцна потврдено е присуството и во други видови.

Извор: http://naukakrozprice.rs

ОкоБоли главаВицФото