Југословенската Кинотека своите архивски материјали ги стави на интернет

06.04.2018 00:10
Југословенската Кинотека своите архивски материјали ги стави на интернет

Југословенска Кинотека одлучи материјалите од својата архива да ги постави на интернет, на YouTube каналот. Во првиот пакет од 60 снимки се наоѓаат материјали кои се занимаваат со историјата, етнологијата и културата. Сите заинтересирани ќе можат да ги видат бесплатно на официјалниот канал на Кинотеката.

„Одиме во чекор со времето, свесни дека 21-от век наметнува нови видови комуникација. Користиме модерни технологиии во духот на отвореноста на Кинотеката кон јавноста и им излегуваме во пресрет на потребите и навиките на публиката“, изјави Југослав Пантелиќ, директор на Кинотеката.

Тој е уверен дека овој потег ќе привлече публика надвор од границата на земјата, од Европа и светот која се интересира за историјата на регионот.
Засега се работи за документарни снимки од 1945 година од богатата архива на Југословенската кинотека, но каналот постојано ќе се дополнува.

Инсертите траат до 5 минути со текстуален опис на српски и англиски јазик.

„За изборот на материјалите ќе ни помага сегашноста, Понекогаш актуелните настани ќе бидат инспиратор за тоа кои подвижни слики од нашите фондови ќе ги поставиме на интернет“, вели Пантелиќ.

Засега на корисниците на YouTube ќе им бидат достапни делови од документарните филмови: „Под југословенското небо“, „Средновековните манастири во Србија“, „Белгард 1930 година“ и „Белград 1919 година“, „Циркус Клудски во Нови Сад“.

Извор: SEEcult.org

 

ОкоБоли главаВицФото