Десетте најконтроверзни скулптури

31.08.2010 11:58
Десетте најконтроверзни скулптури

Порно кралица

Скулптурата наречена „Порно кралица“ е дело на италијанскиот уметник Паоло Шмидлин. Беше изложена во Мадрид 2007 година, на изложбата која беше отворена од шпанскиот крал Хуан Карлос. Предизвика многу реакции, а најогорчената дојде од британскиот фотограф Артур Едвардс кој изјави: „Ова очигледно е дело на лудак. Овде не гледам ништо друго освен евтин штос“.

Miss Kitty

Оваа скулптура предизвика јавен револт. Авторот повторно е италијанскиот уметник Паоло Шмидлин, а неговото дело го портретира Папата облечен во секси чорапи, гаќички и наметка. Скулптурата, која на главата има перика со руса коса, ја навреди Католичката лига против клеветење, која се закани со обвиненија за авторот и организаторот на изложбата во Милано, пред чие отворање имаше многу протестанти. Во официјалната изјава на Католичката лига против клеветење беше кажано дека „контроверзната скулптура претставува вулгарна навреда на претставникот на Христос и чувствата на Католичката црква“. Меѓутоа, другите реакции беа дека цензурата на скулптурата би претставувала уште еден пример кога организираната религија ја диктира улогата на уметноста и дека за овој вид на цензура нема место во 2007 година.

Двајца мажи што мочаат

Давид Черни е чешки скулптор чии дела можат да се видат на многу места во Прага. Целото негово творештво е проследено со контроверзи. Привлече внимание во 1991 г. кога со розева боја обои еден советски тенк кој служел како споменик на советската инвазија од 60-те години. Идејата за овој споменик е едноставна – две бронзени скулптури мочаат, свртени еден кон друг. Додека мочаат, двете фигури се движат реалистично. Електричен механизам го придвижува горниот дел од нивното тело, додека пенисите им се движат горе-долу. Млазот што истекува испишува цитати од познатите жиители на Прага. Посетителите можат да ги прекинат во мочањето со испраќање СМС порака на одреден телефонски број кој е запишан покрај скулптурите. Потоа „живите“ статуи го испишуваат текстот од пораката, пред да продолжат да си мочаат.

Долго очекуваниот

Патриша Пичини е една од најпознатите Австралиски современи уметници. Оваа скулптура претставува нејзиното најконтроверзно дело кое со својата смелост и креативност претставуваше инспирација и мотивација за многу други уметници.

Голата Бритни Спирс

Голата и бремена поп ѕвезда Бритни Спирс во сензуална четириножечка положба, држејќи мечкина глава во рацете, е дело на Даниел Едвардс, насловено како „Monument to Pro-Life: The Birth of Sean Preston“. Оваа скулптура предизвика безброј реакции меѓу поборниците за и против абортусот од целиот свет, а еден дел од реакциите биле насочени и кон тоа дека Бритни Спирс не треба да се деградира на тој начин.

Младото семејство

Уште едно дело на младата австралиска уметничка Патриша Пичини. Оваа скулптура го истражува она што се нарекува „специфична разлика меѓу вештачкото и природното“. Со прикажувањето на сличностите и разликите меѓу органското, природното и изградениот материјален свет, Пичини ги предизвикува нашите класифицирања на животот. Инспирирана од тоа, Пичини комбинира човечка и животинска физиономија и технолошки напредок во многу нејзини дела, меѓу кои и ова.

Нација сама за себе, засекогаш

Уште едно дело на контроверзниот чешки скулптор Давид Черни. Со цел да остане скулптурата, таа мораше да биде преправена поради протестите дека млазот од пенисот на фигурата бил насочен кон Националниот театар.

Неодделно

Повторно Патриша Пичини. Нејзиното творештво често комбинира теми од научната фантастика и родителството. Овде меша вонземско суштество кое ги чува своите младенчиња заедно со човечко дете, во положба на взаемно топлење. Сами пресудете дали е контроверзна.

Голата Анџелина Џоли

Голата Анџелина Џоли која ги дои своите близнаци. Дело на веќе споменатиот Даниел Едвардс, кој преку него сака да го охрабри доењето на јавни места и воедно да укаже на тоа дека оваа сосем природна работа се смета за непристојна во многу општества.

We are the Champions

Ќе завршиме со чешкиот скулптор Черни – се искачувате по скала и ја пикате главата во анусот на една голема скулптура за да го погледнете видеото во кое двајца чешки политичари се хранат еден со друг со лажички, а во позадина оди песната „We are the Champions“.

Извор: oddee.com

Брилијантен прилог! Черни е

Брилијантен прилог! Черни е гениј! Сите три негови дела, овде прикажани, се ремек дела! Мое омилено: бутањето на глава во гзот, кајшто се глеа видео со политичарчиња што меѓусебно се хранат со кашиче. Гениј!
Патриша Пичини исто е царица, фантастична е, на трагата на Кафка, но со еден прекрасен современ женски штимунг (што го нема кај Кафка)...
Едвардс и Шмидлин се малку поповршни, но мошне интелигентни, продорни и духовити (Едвардс е во добрата традиција на поп-артот)...
Ех, да имавме вакви скулптори и вакви скулптури низ мрачнава паланка во која роварат политички билмези и нивните имбецилни извршителчиња што се потпишуваат ко „уметници“...

Леле, се запрепастив. Се се

Леле, се запрепастив.
Се се сведе на тоа кој повеќе ќе шокира. Евтин штос е добар избор на зборови да се опише уметноста денес.

Можеби светов е сам по себе

Можеби светов е сам по себе шокантен, па уметноста само се обидува да го репрезентира!

Супер надоврзување од

 Стварно не ми е јасно што

 Стварно не ми е јасно што сакал да каже авторот на листата, кога десетте дела се од само четворица уметници! Дека делата им се контроверзни, да, тоа не може да се негира, но во светот на уметноста има и автори како оние посочени во линковите, чии скулптури долго време се наоѓаа на насловни!
(и да се претставам, јас сум facebook пријателот:))

 2 tumbs up!

 2 tumbs up!

Покажи му на човек

Покажи му на човек (уметничко) дело и одма има став за него. Покажи му математичка формула и ќе те гледа бледо.