ПАНГРАМ #2 Најдобрите десет

06.04.2018 12:46
ПАНГРАМ #2 Најдобрите десет

Викторија Тасева го има најдобриот панграм, а Билјана Михајловска најдобрата серија.

Издвоивме уште девет панграми, за награда.

Викторија и Билјана ќе добијат по десет Темплум книги, а останатите наградени ќе добијат по пет Темплум книги (главно од едициите Магма, Градот и Квир Сквер): Томислав Лазаревски, Фанија Макешоска, Тони Миленковски, Будимка Поповска, Марко Хиниќ, Ирена Блажеска, Бојан Ропевски и Марија Ангеловска.

Почитувани наградени, примете ги честитките на редакцијата на Окно!

Книгите можете да ги подигнете во ГЕМ клубот (над Менада, во Стара чаршија) од следната среда, меѓу 9 и 17 часот.
Им честитаме и благодарни сме им и на сите други учесници и поддржувачи на нашите панграм конкурси!

До следниот конкурс!


ДЕСЕТТЕ НАГРАДЕНИ ПАНГРАМИ

1.Викторија Тасева 


На тепих со детаљ џбун цвеќиња флегматично лежам и се ѕверам во леш кој базди на ѓубре.

2. Билјана Михајловска

Бељаџија на коњ, гаќосан маж, ѕвер чуден, зли фаци, ѓол... Плоштад Хаос!

3.Томислав Лазаревски

Ѓоа човекољупци,
тие ќафири - шлајм.
Лажење, харанги, ѕверства,
за да се заграбат - џган.

4.Фанија Макешоска

Фитиљ на широк куќен оџак без граѓа чади, молња на жица - јанѕа в психа.

5. Тони Миленковски

Монахиња на аџилак со јајца ѕвезди гаѓа: Ќе чуеш ли боже за прстофат љубов?

6.Будимка Поповска

Џо научи, не се ист фах: љубење в ќош, црв со веѓа, газ до ѕид и помија од желка!

7.Марко Хиниќ

Љубов со ѕвезда: ќејф и пех: Ѓурѓица гола вџашено трчка по мажиња.

8.Ирена Блажеска

Фаќаш цвет во џеб хероју,
одиш со желба,
низ луња, рѓа по долг пат,
ѕиркаш и ме љубиш, човеку.

9.Бојан Ропевски

Шуми ѓезве, филџан ѕвечка, ќофтиња пржи...
- Ај, исхрани цел град, љубо!

10.Марија Ангеловска

В ѓезве кафе ѕурам. Џабе шеќер. Горчина пријатна стихови твори. Жед и црн факел. Љубење.

 

НАЈДОБРАТА СЕРИЈА

Билјана Михајловска

Бељаџија на коњ, гаќосан маж, ѕвер чуден, зли фаци, ѓол... Плоштад Хаос!


Ж наш љуби фалење. Лик - џин, дух - ѓон. Дај му прст, раце ќе гризе. Фуј, ѕверче!


Глеј го Коце, ко џез ѕвезда - љуби чизми, со ќеф шлапа в тиња меѓу хорон жапци.


Ех, љубов, џабе се раѓаш со ѕвезден сјај, кога пак цел живот в тиња фрлена ќе чмаеш.


Ѓаволчето има хоби - прави џус од сакање. Фаќа ѕвезда, нежно ја гушка и цеди љубов.


Џиш бродец-дух, тажен плима чека, рѓа си фаќа... Кој ли љубел в тиња да го изѕида?


Ѕуница: гол воздух, жешко мечтаење, џиновска меѓа...? Фати ја, допри ја - љубов ќе е!


Сфати дека џабе цел живот го потроши на љубење луѓе. Изѕемна тихо, чекајќи.


Џабе готвев чорба со ѕвезди, ќофтиња со ѓумбир... Опцу, жешки биле. Хм! Спиј, љубен...


Змејот Ѓоле е хит - се вљуби... место џиш црвени оганчиња, пак жолти ѕвезди ќе фрла.

ОкоБоли главаВицФото