КАРМАДОНСКА ТИКВИЗАЦИЈА ВОЛ.2: АЛБАНИЈА

07.04.2018 04:33
КАРМАДОНСКА ТИКВИЗАЦИЈА ВОЛ.2: АЛБАНИЈА
 

ВОВЕД

Во минатото доста пишував за груевизмот, антиквизацијата и сиот тој кич, па во овој серијал мини-книги ќе ги критикувам сличните појави во соседните држави (без омраза, туку само со факти, кои не треба никого да навредат). Интересно, по стапувањето на македонско тло во Балканските војни (1912-1913), на чуден и речиси мистичен начин, секоја од нив се соочила со низа национални катастрофи и завршила како failed state и Апсурдистан. Karma is a bitch?

РАНАТА ИСТОРИЈА НА АЛБАНИЈА

Instant Karma’s Gonna Get You

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Клик на сликата за зголемено: Престрелки во Северна Албанија.

Ова е втора епизода од серијалот, а за првата, во која говорев за Грција, кликнете тука. И Албанија ќарила дел од Македонија по нејзиното распарчување во Балканските Војни, но набргу, самата Албанија била распарчена и фактички престанала да постои како држава, што e школски пример за instant karma. Да се објасни хаосот во кој западнала Албанија е речиси невозможно, затоа што тоа бил фејл од сомалиски размери и тука не се знаело кој кого убива, пљачка или силува.

Нејзините жители биле поделени по секаква основа: политичка, социјална, етничка (Албанци, Турци, Грци, Македонски Словени или Бугари, Срби, Власи), религиозна (сунити, бекташи, православни, католици), субетничка (Албанци - Геги и Албанци - Тоски), племенска и клановска (Кастрати, Кељменди, Хоти, Гаши, Тачи, Дукаѓини, Бериши) итн. Поделба имало и среде Албанците – муслимани, затоа што, согласно некогашниот османлиски милет-систем, дел од нив се сметале себеси за „Турци" (особено сунитите). Слично било и среде православните Албанци, дел од кои, заради припадноста кон доминантно грчката Вселенска Патријаршија, се сметале себеси за „Грци". На поделбите им немало крај, а Албанците си ваделе очи дури и околу тоа кој треба да им биде главниот град: Тирана, Валона, Драч, Скадар или др. Во сиот хаос се вмешувале и соседните земји.

Divided States of Albania

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Европа со лаги го теши новороденчето Албанија, британскиот весник „Панч", 23.07.1913.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Српскиот крал лади јаја во албанското море, Драч, 20.11.1912.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Разгледница од Драч на „српското приморје".

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Грчкото малцинство прогласува автономија во Северен Епир (Јужна Албанија), 1914.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Албанци – католици и нивниот свештеник со српската војска во Леже, 1913.

Откако на еден балкон вo Валона свечено била прогласена независноста на Албанија од Османлиите (28.11.1912), со неа требало да раководи Привремената Влада на Исмаил Ќемали, но тој немал контрола чак ни над својата дневна соба и над даљинското од телевизорот, а камоли над целата држава. Оваа негова „држава" го опфаќала само тогашниот главен град Валона и неговата поблиска околина и повеќе личела на месна заедница!

Во Балканските Војни, кои тогаш биле во тек, огромен дел од Албанија, всушност, бил под контрола на Србите. Уште утредента, на 29.11.1912, тие ги прогласиле овие окупирани територии за Драчки Округ Краљевине Србије, а неговиот центар, Драч, станал „првото српско пристаниште". Североистокот на земјата околу Скадар, пак, бил запоседнат од црногорски трупи, а југот, од грчки. Тамошното грчко малцинство сакало присоединување кон Грција, но заради меѓународните заврзлами, планот не успеал, па на 28.02.1914, тоа ја создало својата Автономна Република Северен Епир (гр. Αυτόνομη Δημοκρατία της Βορείου Ηπείρου). Републики никнувале и среде етничките Албанци, па така, на 16.10.1913, конкурентот на Ќемали, Есад Паша Топтани, ја формирал муслиманската Република Централна Албанија (ал. Republika e Shqipërisë së Mesme), а на северот на земјата, на 17.07.1921, Ѓон Маркаѓони ја формирал католичката Република Мирдита (Republika e Mirditës). Во текот на Првата Светска Војна, пак, никнале Автономната Албанска Република Корча (Republika Autonome Shqipëtare e Korçës), формирана од француските окупациони трупи, како и т.н. Албанска Република (Republika Shqiptare), формирана од Италијанците со седиште во Валона.

Такаречи, Албанија имала повеќе републики отколку Титова Југославија или СССР. Секое село се прогласувало за држава, а секоја селска луда сакала да стане „прецедател" (со „ц"). Кутрите жители на таа дисфункционална „држава" не знаеле дали да се смеат или да плачат додека ги убивале, ограбувале и силувале. Накусо, Албанија не постоела.

За нештата да бидат уште покомплицирани, на прогласувањето на независноста на Албанија од страна на Ќемали, наводно, му претходело она на Теренц Точи на 26.04.1911 во Орош, Северозападна Албанија, во текот на востанијата против Турците, кога била формирана некаква привремена влада, но сево ова е завиено во магла. Фактички, секој за себе тврдел дека тој бил „првиот" кој прогласил независност!

Иронично, во сиов овој хаос некои Албанци соработувале со „клетите Срби" и добивале оружје или друга поддршка од нив. Братство-јединство! Српските, црногорските, а подоцна и силите на новото Кралство Југославија си влегувале во Албанија како на сафари и никој не можел да ги спречи. Слично се однесувала и Грција. Многу Албанци денес не знаат (или не сакаат да знаат) дека нивното национално движење тогаш имало соработка со ВМОРО и дека, на чело со војводата Петре Чаулев, било кренато заедничкото Охридско-Дебарско Востание против великосрпската власт (1913).

Shqipëria e Madhe

Заради распадот на Албанија на куп Бантустани нејзините националисти не можеле да го задржат на едно место она што го имале, а камоли да ги присоединат кон себе Косово, Западна Македонија, Прешево, Медвеђе и Бујановац (Јужна Србија), Чамерија (во грчкиот дел од Епир), јужниот дел на Црна Гора (Улцињ, Гусиње, Плав, Рожаје, Тузи) и други простори на коишто живеат етнички Албанци. Ова за нив била и сè уште е огромна национална траума.

Наместо Голема Албанија (Shqipëria e Madhe), тие добиле само маде: мал дел од Македонија (Пустец и сл.), Северен Епир (кој е грчки уште од антиката), Москополе (влашко), Врака (србо-црногорска) и други неалбански територии. По основањето на Албанија, многу Албанци останале вон нејзините граници и биле кембечени под туѓинска власт, а таа добила: Грци, Власи, Турци, Срби, Македонски Словени или Бугари, Роми и Евреи, а уште под турско таму биле доселени Бошњаци, Черкези, Татари, Арапи, Маври, Нубијци (Суданци), Марсовци итн. На оваа етничка и расна измешаност на Албанија подетално ќе се осврнам малку подоцна во текстов.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

„Погребот на Албанија" со музика на европските сили, австро-унгарскиот весник „Кикерики", 04.05.1913.

Патос

Да се осврнеме и на економијата на младата албанска држава. Каква бре црна економија?! Албанија била последниот бастион на феудализмот во Европа, а мнозинството Албанци биле бедни и неписмени и живееле во Средновековен Мрак и немале поим што се случува подалеку од нивното село за кое биле закрепостени. Тие 'рмбачеле со праисториски земјоделски методи по чифлиците на агите и беговите останати од османлиските времиња, кои тогаш сè уште биле влијателна каста. Но освен насилство и беззаконие, во таа дисфункционална држава не цветало ништо.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Мелбурнскиот весник „Аргус" за гладта во Албанија, 29.12.1915.

Во 1915, 150000 Албанци умреле од глад, а реприза на ова се случила во 1924, кога во североисточниот дел на Албанија, околу 200000 луѓе немале што да јадат, па меѓународната заедница морала да праќа хуманитарна помош за да спречи појава на канибализам. Истотака, доста се умирало од тифус, маларија, туберклоза, дифтерија, морбили, менингит, грип, цревни паразити и сифилис. Бијафра била попристојно место за живеење.

Железница немало насекаде низ Албанија и таа била на ниво на вовчето Киро (теснолинејка); своите први моторни возила Албанците ги добиле по Првата Светска Војна, а тоа биле 3 скантани камиони Форд, оставени од странските армии, и уште, немало саглам патишта; албанската армија, пак, била во патетична состојба и била полошо вооружена отколку цивилите, а во нејзините складишта имало само 4000 парчиња оружје, од кои половината биле расипани и неупотребливи.

Малкумина знаат дека во Албанија била пронајдена нафта. Ова не е шега, ниту печатна грешка. Скромни ископувања имало уште на почетокот на XX век, кога земјата била под османлиска власт, од страна на компанијата на славниот Рокфелер – Стандард Оил, како и Англо-Персијан Оил (претходница на денешниот Бритиш Петролеум). Во 1928, во Албанија дури бил пронајден најголемиот копнен извор на нафта во Европа! Тој се наоѓа близу градот Патос во областа Фиер, Југозападна Албанија. И? Ништо. Албанија била и останала патос и не се претворила у Дубаи.

Qu'ils mangent de la brioche

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

„Тирана 2014“, споменици на илирски кралеви и кралици.

Како што француската кралица Марија Антоанета ги советувала селаните ако немаат за леб – да јадат колачи, така и албанските национал-романтичари ги хранеле своите изгладнети сонародници со митови дека тие се постар народ од амебите; дека вукојебината во којашто живеат е „колевка на светската цивилизација"; дека помеѓу нив и античките Илири, Дарданци или Пелазги има „непрекинат континуитет"; и дека дури и Ахил, Хомер, Аристотел и Александар Велики биле „Албанци". Све више. Ова дури се велело за богињата Афродита, затоа што нејзиното име потсетува на албанскиот збор afërdita, што значи скороден (нешто како предзорие). Ова к’о оној пациент што на ТВ толкуваше „античко-македонски" зборови, во стилот: „космос" всушност значело „кос мост" или сл. За оваа Албанска Антиквизација веќе имам опширно пишувано, а неа ја започнале следбениците на Албанската Национална Преродба (Rilindja Kombëtare) во XIX век.

НаВИДум крал

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Фон Вид го канат на трнливиот албански престол, „Панч", 25.02.1914.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Буре барут: разногласија околу лојалноста кон Фон Вид или Есад Паша, „Кикерики", 14.06.1914.

Некаде во периодот на основањето на Албанија, таа му понудила на британскиот аристократ Обри Херберт, кој бил нејзин голем поддржувач, тој да ѝ стане крал. Тој сакал да ја прифати понудата, но тогашниот британски премиер Асквит го попишманил (му рекол кај ќе идеш таму, клошарана). Албанците морале да бараат друга будала, што не било лесно, па во тоа им помогнале Големите Сили, кои го одбрале германскиот принц Вилхелм Фон Вид. Тој најпрвин одбивал (не му се одело у таа вукојебина), но на крај, заради политичкиот притисок од страна на Големите сили, тој едвај се согласил.

Во 1914, Албанија станала кнежевство на чело со Фон Вид, но Албанците биле искомплексирани заради неговата недоволно висока титула (принц, кнез или тако нешто), па го нарекувале „крал". Првиов албански „крал", сиромашкиот, бил на тронот само 6 месеци (всушност нецели). Тој мислел дека како крал тој ќе лумпува и ќе трти млади пичичи, а всушност морал да се бори против Грците на југот на земјата и уште му избила сељачка буна во Централна Албанија, предводена од Хаџи Камили, Ариф Хикмети, Муса Касими, Мустафа Н'дроки и остале коњокрадице. Овие разјарени муслимани жалеле за „златните времиња" на Османлиската Империја и барале Албанија да се врати во нејзин состав. Истотака, против него започнал да прави завери веќе споменатиот Есад Паша, и уште, му избувнала Првата Светска Војна!

Австро-Унгарија и Германија побарале од Фон Вид тој да ја внесе Албанија во војната на нивна страна, но тој бил за неутралност, на што овие му ја секнале финансиската помош и тој завршил како клошар и немал ни за цигари. На крај, тој издал прокламација дека е „најдобро привремено да биде отсутен од земјата", по што киднал главом без обзира и никогаш повеќе не се вратил во неа.

Во Првата Светска Војна, Албанија била окупирана од Грци, Срби, Црногорци, Австро-Унгарци, Французи, Италијани, Бугари, Марсовци и којзнае уште кој не (зависи од периодот и регионот). Некои од окупаторите биле жустри кон Албанците, како напр. Србите, кои тогаш биле во јуначко бегство пред непријателот кон Крф (Бежанијска Бригада или Дивизија Рикверц), а други биле троа попријателски настроени кон нив (само ги тепале и не ги убивале). Најфрендли биле Австро-Унгарците.

(МЕЃУ)ВОЕНИОТ ПЕРИОД

Навидум консолидација

По Првата Светска Војна, Албанците испратиле своја делегација на Париската (Версајска) Мировна Конференција (1919), кајшто се решавала судбината на повоена Европа и се прекројувале нејзините граници, но добиле врата у нос и се мрзнеле к'о клошари пред дискотека. И Македонија била понижена во Версај од страна на земјите-победнички во војната (Британија, Франција, Србија), но ако е некаква бедна утеха, таа немала државност, додека Албанците ја имале, а никој не ја зимал за озбилно. Победниците тогаш имале „елегантно решение" - Албанија повеќе да не постои и да биде разделена помеѓу соседите. На крај, на Албанија едвај ѝ било признаено правото на постоење, дури откако за тоа се заложил американскиот претседател Вудроу Вилсон, по што, таа била примена во Друштвото на Народите (ова било нешто како ООН денес). Заради ова, многумина го ценат Вилсон како „заштитник на угнетените", но тие не знаат дека тој всушност бил тежок расист и ги мразел Афроамери­канците.

Албанија морала да се бори против италијанскиот окупатор во т.н. Валонска Војна (јуни - септември 1920), како и против сепаратистичките Мирдити и силите на соседното Кралство Југославија, кои ги поддржувале истите. Само војни и разурнувања! Италијанците на крај се обврзале дека „ќе ја почитуваат независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на Албанија бла-бла", но се разбира, тие ова го прекршиле при првата можна прилика, затоа што не ја есапеле за држава ни два посто.

Следел период на политичка нестабилност (ама новост): од 1920 до 1922, во Албанија се смениле десетина премиери, а некои од нив биле на функција само неколку месеци, недели или денови (или секунди). Албанскиот национален херој Хасан Приштина бил премиер од 7 до 12 декември 1921. Каков државник! На 08.03 следната година, вооружени анти-владини сили неуспешно се обиделе да го заземат главниот град (сега тоа веќе била Тирана), а на 23.03.1924, тогашниот премиер Ахмет Зогу бил мета на неуспешен атентат во парламентот. Во Албанија сè било неуспешно.

Брат за брат, сирење за пари

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Премиерот на Албанија, Ахмет Зогу.

Албанците се убивале меѓу себе заради политички несогласувања, а за секое убиство следела крвна одмазда: брат за брат, вујко за стрина, сирење за пари, што е стар албански обичај (gjakmarrja). Атентаторот врз премиерот бил извесниот Бекир Валтер (18). Тој му пришол на премиерот на скалите на парламентот и вперил пиштол во него и сакал да му соопшти нешто театрално пред да го застрела, од типот: „Ова ти е за вујко ми!", арно ама, Валтер имал говорна маана (д’ткал) и тоа звучело како Миле Паника. Додека Валтер успеал да го изговори сиот текст, Зогу бргу се соземал и благодарение на тоа успеал да преживее, иако бил трипати ранет. Зогу и самиот бил вооружен (тогаш сите Албанци биле вооружени) и пружил отпор, по што, за да докаже дека не е исплашен, тој така ранет и речиси полумртов влегол во собраниската сала и одржал говор од типот: „Без паника, се дешава" или сл. Од неговите три рани течела крв, останатите пратеници го гледале зинати и тоа бил хорор.

Валтер, пак, побегнал во клозетот на собраниската зграда, кајшто се заклучил и почнал да пее патриотски песни. Замислете си ја сценава, типов у клоња и пее: „Д-д-д-елете ја парчете јааа!", а песнава одекнуе од плочките. Тоа бил Монти Пајтон! Некои пратеници се собрале пред вратата на клозетот и го убедувале Валтер да се предаде, а тој им одговорил со истрели низ истата. Сепак, на крај тој ги прифатил нивните предлози да се предаде (веројатно им рекол: „еј, уствари извини што ве пукав низ врата"). Тој бил осуден на само 3 години затвор, а подоцна дури му била дадена шанса да замине во егзил. Тој заминал во Париз, кајшто живеел 15 години. Тука ви станува јасно како тогаш изгледало албанското „правосудство". По сè изгледа Валтер „пропеал" во затвор и го открил нарачателот на атентатот (а тоа бил Авни Рустеми), со што се објаснува зошто Зогу му се смилувал.

Валтер бил припадник на радикалното движење Башкими (Единство), чиј предводник, Авни Рустеми, бил жесток противник на премиерот Зогу, затоа што овој имал авторитарни и про-српски склоности. Во овој внатрешно­политички судир, од една страна бил Зогу, а од другата страна била скоро цела Албанија! Па и дојденците од соседно Косово! Опозицијата се состоела од најразлични и меѓусебно некомпатибилни струи (националистички, либерал-демократски, левичарски, религиозни, секуларни, мешани и секакви). Особено радикални меѓу нив биле косовските имигранти, кои сметале дека Зогу ја предал нивната кауза. Трагикомично е што, фактички, на чело на Албанија тогаш бил предавник!

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Авни Рустеми (десно, згрешено му е името), уапсен и суден во Париз за убиството на Есад Паша Топтани (лево), 1920.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Трупот на Бајрам Цури, 1925.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Грчкиот печат за убиството на Хасан Приштина во Солун, 1933.

Тука не се знаело кој кого убива. Рустеми го имал убиено Есад Паша Топтани во Париз (1920), затоа што овој го убил Хасан Риза Паша во Скадар (1913), а самиот Рустеми бил убиен во Тирана од страна на воденичарот Јусуф Речи (1924). Наводно, последново убиство било по нарачка на Зогу, кој со ова се одмаздил за неуспешниот атентат извршен врз него од страна на Валтер. Зогу, наводно, нарачал и повеќе убиства на значајни активисти и политичари во текот на 1925. Така, Балтон Стамбола го убил Луиѓ Ѓуракучи (Бари, Италија); Аликвијад Беби го убил Цено Крезиу (Прага, Чехословачка); луѓето на овој последниов го убиле качакот Аслан Цури (којзнае каде); а Бајрам Цури не морале да го убиваат, затоа што извршил самоубиство откако луѓето на Зогу го опколиле во една пештера во Северна Албанија. Во 1933, пак, во една кафана во Солун, Ибрахим Чело го убил Хасан Приштина, што, наводно, било нарачано од страна на омразените Срби. Накусо, Албанија се наоѓала во еден вид на граѓанска војна. Во неа, масло на огнот повремено додавале соседите.

Зогу бил близок пријател со Шефкет Верлачи, еден од најбогатите и највлијателните луѓе во Албанија и се верил со неговата ќерка Бехије (1922), со што добил финансиска и секаква друга поддршка од татко ѝ за да стане премиер. Во даден период, Верлачи самиот бил премиер на Албанија и бил предводник на Прогресивната Партија, која не била нималку прогресивна, а подоцна и на Албанската Фашистичка Партија. Ова требало да биде брак од големо политичко значење, но откако Зогу ја растртил Бехије, таа му здодеала и тој се откажал од намерата да ја жени. Според строгите албански обичаи, ова претставувало навреда за нејзината чест, па татко ѝ ангажирал бараби да го уцмекаат овој „јебеш-бегаш", во што не успеале.

Убиени Американци

Хаосот, за жал, не ги поштедил дури ни добронамерните странски посетители на Албанија. Според строгите албански обичаи гостинот не смее да се дира, но сепак, на 06.04.1924, во 10 наутро, двајца американски државјани биле убиени, што предизвикало згрозеност среде Албанците, како и меѓународен скандал. Се работело за трговците Џорџ Б. Де Лонг (р. 1895) и Роберт Луис Колмен (р. 1870), обајцата од Калифорнија, кои биле застрелани од сачекуша додека се возеле по патот Тирана - Скадар, околу 24 км. од градот Леже, Северна Албанија. Нивниот шофер Лука Барба бил ранет и се правел мртов, при што го слушал разговорот на друмските разбојници. Тие излегле од еден ендек покрај патот, кајшто биле сокриени и разочарано констатирале дека „уцмекале погрешни луѓе". Сепак, тие мазнале по нешто од личните предмети на убиените.

Иако било јасно дека никој во Албанија немал намера да убива Американци (немало зошто, тие направиле многу за неа) и иако албанската влада сторила сè за да им оддаде почит на овие невини жртви (со прогласување на ден на жалост и сл.), сепак, Вашингтон остро реагирал и побарал Тирана конечно да преземе нешто. Ова веќе отишло предалеку! САД сфатиле дека си имаат работа со една потполно дисфункционална држава, во која неказнето можела да те убие секоја шуша! Како форма на политички притисок, во близината на албанскиот брег дури биле испратени бродови на американската воена морнарица.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Калифорнискиот весник „Сосалито Њуз" за убиените Американци, 12.04.1924.

Среде Албанците почнале да се шират теории на завери дека убиството било масло на дежурните виновници - Србите, кои, демек, сакале да ја оцрнат Албанија. Нејзината влада, пак, ја обвинувала опозицијата и обратно. Оваа вторава тврдела дека владата самата го извршила злосторството за да покаже дека во земјата нема ред и за да оправда воведување на драконски мерки.

Неколку дена по убиството, албанската жандармерија демек убила или уапсила неколкумина од извршителите, а како главен меѓу нив бил наведен некојси Весел Хидри, кој потоа бил обесен, но сепак, многу нешта останале матни. Едно од објаснувањата е дека друмските разбојници чекале по патот да поминат некои албански министри, но тие да ти застанале да пијат кафе во градот Мамурас, па Американциве поминале попрви и го попиле. Во тој хаос човек веќе не знаел на која верзија да ѝ верува.

Како и да е, ова била уште една брука за Албанија и пример за нејзината дисфункционалност како држава. Добро е што некогашниот американски претседател Вилсон починал пар месеци пред инцидентов, инаку би зациментирал врата дома за да не излезе од срам што ја поддржувал Албанија. Весникот „Бостон Ивнинг Транскрипт" тогаш објавил: „Убиството на двајцата Американци, Р. Колмен и Де Лонг, кои патувале низ Албанија, испровоцира жестоки критики против оваа земја, која е подивјачка, поопасна и попримитивна дури и од времињата на Римската Империја. Речено ни е дека по убиството на двајцата Американци, владата во Тирана реагирала милитантно. Но тоа не е важно, затоа што единствено нешто што таа влада умее да прави е да користи насилство".

Насилствата, за жал, не завршиле тука. Чекај, ова е тек почеток! Битен настан кој следел во истата година била Јунската Револуција, со којашто на власт привремено стапил Фан Ноли.

Фан Ноли и Јунската Револуција

Теофан (Фан) Ноли бил најзначајниот политички конкурент на Зогу и важел за албански националист, демократ и реформатор (зачинето с једном жлицом левичарење), додека овој вториов бил автократ и конзервативец и по потреба „шурувал" со Србите, а подоцна и со Италијанците.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Фан Ноли.

Ноли бил владика на Албанската Православна Црква, чиј основач бил самиот и имал прошетано по Америка, кајшто дипломирал на универзитетите во Бостон и Харвард. Тој одблиску се запознал со тамошниот економско - политички систем и посакал истиот да го ископира во Албанија и да ја извади од лајна.

Тогаш Ноли храбро тргнал во битка. Против реалноста и здравиот разум. Тој бил наивен идеалист, кој немал благе везе со состојбите на теренот, а освен една мала урбана средна класа, никој во Албанија не го есапел два посто. Во општиот хаос во којшто тогаш била Албанија, Ноли бил само comic relief. Тој всушност не ни бил роден во неа, туку во с. Ибрик Тепе, Одринско, Турција. Во Албанија тој за првпат стапнал дури на триесет и кусур годишна возраст и немал поим што всушност се случува во неа. Каква бре црна Америка, во Албанија немало ни елементарни услови за градење на нормална, демократска и просперитена држава. Ни граѓанска свест, ни демократска и парламентарна традиција, ни економија, ни индустрија, ни саглам патишта и железница, ни медицина, ни образование, ни безбедност, ни закони, ни владеење на правото, ни човекови права, ни струја, ни вода, ни храна, ни воздух, ништо.

Ноли излегол пред Друштвото на Народите во Женева и апелирал Албанија да добие финансиска помош за да се модернизира и да застане на нозе, но поради своето слабо политичко и дипломатско искуство, тој тоа го извел на невешт и наивен начин, а останатите делегати правеле facepalm од што им било глупо за него. Непотребно е да се каже дека тој не добил пари ни за цигари. Кој нормален би давал заеми или инвестиции на таква бесперспективна држава?

Фан Ноли бил fan не само на САД, туку донекаде и на СССР, затоа што Ленин се залагал за индустријализација, аграрни реформи, описменување, еманципација на жената, бесплатно здравство итн. Но во еден бољшевички систем, Ноли веројатно би бил стрељан, затоа што бил црковен великодостојник. Како и да е, Москва покажала извесен интерес за соработка. СССР и неговата Комунистичка Интернационала (Коминтерната) тогаш доста соработувале со радикални национални движења на Балканот, например со Кемал Ататурк, со ВМРО на Тодор Александров и ВМРО (Обединета) на Димитар Влахов. Меѓутоа, кога советска делегација дошла во Тирана, Ноли морал да ја избрка, затоа што контра - револуционарните сили на чело со Зогу веќе му биле на прагот и се заканувале да го соборат. Преамбициозните реформи на Ноли никогаш не се оствариле, затоа што тој бил на власт само 6 месеци! Ете така, Албанија не станала велесила како САД или СССР…

Контрареволуција

По Јунската Револуција, Зогу побегнал во Кралството Југославија, кајшто добил воена и финансиска помош за да го собори Ноли и да се врати на власт, во што и успеал. Притоа, Белград му дал на Зогу воени сили предводени од офицери - белогардејци, бегалци од Октомвриската Револуција во Русија. Помош на Зогу му дала и соседна Грција, така што го вооружила неговиот соработник Мифат Либохова. Срби, Грци и Руси го вратиле предавникот Зогу на власт, што за Албанците било невидено понижување. Поразениот Ноли, пак, заминал во егзил. Тој починал во САД на 13.08.1965 и така неславно завршил овој баксузен 13-ти премиер во историјата на Албанија. Објективно, тој имал по некои позитивни идеи, мада бил тежок албански националист и уште бил скроз отсечен од реалноста.

Ново понижување се случило на 28.07.1925, кога Зогу ѝ го предал на Кралството Југославија манастирот Св. Наум (на албански: Shën Naum) на Охридското Езеро. Ако тоа не се случило, во посета на Св. Наум сега ќе одевте со пасоши. Некаде се среќава една уште попонижувачка верзија дека предавањето било на 28.06 (Видовдан), кога Србите ја слават Битката на Косово. Св. Наум за Албанците била важна територија и претходно тие жестоко се карале со Белград кога тој изразувал претензии врз неа. Што е за право, Југословените за возврат му дале на Зогу некои места во Голо Брдо, но тоа била бедна утеха.

Република или монархија

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Кралот Зогу бил скроз турбо.

Откако Зогу ја повратил власта во Албанија, тој ја прогласил за република, а себеси за прецедател (1925), но подоцна се попишманил и се самопрогласил за крал (1928). На која основа тој го сторил тоа, никому не му е јасно. Објективно, татко му Џемал бил носител на титулата паша, но дали е тоа доволно за да се стане крал? Зогу го оправдувал своето крунисување со тоа дека бил далечен наследник на сестрата на Скендербег и се нарекол себеси Скендербег Трети, но овие негови бладања никој нормален не можел да ги потврди и за нивна проверка ќе ви треба аутото од „Повратак у будучност".

Додека Ноли негувал илузии дека Албанците по својата природа се демократични и прогресивни, Зогу се водел од максимата „за овој народ само стап". Зогу сметал дека Албанецот по својот менталитет е монархист и дека сака над себе краљ, султан или тако нешто. Според Зогу, републиканството за Албанецот било туѓо. Ова, меѓудругото, придонело за неговото успешно враќање на власт. Зогу бил од стара османлиска школа и знаел да прави сплетки, да им се додворува на соседните земји или на богатите бегови, да фаќа клановско-семејни врски, да подмитува, да нарачува убиства и сл. Накусо, манипулатор, макијавелист и опортунист, како Црна Гуја.

Тука се поставува и прашањето за претходниот албански монарх Фон Вид. Навистина, тој засекогаш ја напуштил Албанија, но тој никогаш не се откажал од својата титула. Формално-правно, излегло дека Албанија сега имала двајца паралелни монарси - Фон Вид и овој новиов, Скендербег III.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Лажниот албански крал, циркузантот Ото Вите.

Но некој си сулуд германски циркузант Ото Вите (1872-1958) тврдел дека и тој бил албански крал! Неговата приказна била следна. Во 1913, некои Албанци - муслимани, кои чувствувале блискост со Турците, го поканиле синот на султанот Абдул Хамид Втори да им стане крал. Тој никогаш не дошол во Албанија, но затоа таму отпатувал Вите, кој доста личел на него. Албанците го смешале Вите со султановиот син и го крунисале! Вите раскажувал дека тој таму добил свој харем и дека објавил војна на Црна Гора, но откако Албанците ја сфатиле измамата, тој морал да побегне, при што ја опљачкал кралската ризница. Секој лудак и белосветски преварант веќе се прогласувал за албански крал! Интересно е да се спомне дека неговиот внук, Норберт Вите (р. 1955), бил фатен во 2003 при обид да прошверца во Германија фантастични 167 кг. перуански кокаин, сокриени во опрема за луна-паркови, што била негова главна дејност (евидентно, тој го наследил циркузантството од својот дедо).

Списокот на мутни ликови не завршува тука. Некаде во периодот на Младотурската Револуција (1908), во САД се појавил некаков си „албански принц“, Шабан Бег Гоча. Типов таму давал интервјуа за новини, претставувајќи се како еден од лидерите на Револуцијата, а неговата глава, наводно, била уценета од султанот на сума во противвредност од 35000 долари (па и не е некоја сума). Тој апелирал до Американците да му дадат поддршка за неговата кауза (пари?), а богами и државјанство. Јебеш Балкан, Америка си е Америка. Албанските историчари до ден денес немаат откриено кој бил уствари ликов!

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Написи за мистериозниот „албански принц“ Шабан Бег Гоча во американскиот печат.

Скендербег III

Кралот Зогу се сметал себеси за далечен наследник на Скендербег, па да проговориме нешто околу тој средновековен херој. Албанските преродбеници од XIX век, всушност, увелико ја фалсификувале биографијата на Скендербег или намерно премолчувале „шкакљиви" детали од истата. Многу Албанци не знаат (или не сакаат да знаат) дека мајка му се викала Војислава и дека била ќерка на српскиот кесар Гргур Голубиќ; дека браќата и сестрите на Скендербег носеле имиња како што се Станиша, Костадин, Јелена, Влајка и Мамица; дека сестрата на неговата сопруга, Ангелина, била мажена за деспотот Стефан Бранковиќ и дури станала српска светица; дека нејзиниот татко Ѓерѓ Аријанити, всушност, себеси се потпишувал како Комниниќ; дека синот на Скендербег се оженил за Јерина Бранковиќ, ќерката на деспотот Лазар итн. Фактички, прашање е колку Скендербег бил етнички Албанец!

За албанските идеолози проблем било и тоа што Скендербег бил „Терор за Османлиите" и фактички крстоносец, кој ја добил титулата Athleta Christi од Римскиот Папа лично, што било навредливо за мнозинството Албанци, затоа што тие биле муслимани и некогашни „Турци". Затоа, идеолозиве го преиначиле него во „национален" борец, подеднакво важен како за Албанците - христијани, така и за муслиманите, а религиозните моменти од неговата биографија ги тргнале настрана. А всушност, на неговиот славен шлем или круна се врежани монограми кои порачуваат: „Исус од Назарет те благословува тебе Скендербег, Принц на Ематја, Крал на Албанија, Терор за Османлиите, Крал на Епир".

Затоа, сега имаме албански националисти од исламска вероисповест, кои му се поклонуваат на синот на (Србинката?) Војислава, а на тој „Терор за Османлиите" му е подигнат споменик во скопската Турска Чаршија (?!). За исламот, кој таму доминира, не само што е проблематично што Скендербег бил крстоносец, туку и ликовното претставување на живи суштества само по себе е спротивно на исламскиот аниконизам. Неодамна, таму беа додадени и соц-реалистички мозаици како од времето на сталинистичкиот диктатор Енвер Хоџа. Тотална шизофренија!

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Албанци се поклонуваат на гробот на Скендербег, Илустрејтед Лондон Њуз, 18.01.1908

Losing My Religion

Слични фабрикации како оние кај Скендербег имало и во албанската Исламска Верска Заедница. Мнозината Албанци се муслимани и тие биле „поголеми Турци од самите Турци", па во времето на осамостојувањето на Албанија, нејзиното раководство морало некако да ги буди нивните национални чувства.

Некои албански национални идеолози сакале бекташтвото да стане доминантна вера во Албанија, наспроти сунитизмот, кој им бил „премногу турски", а во поемата „Муслиманството и национализмот" (Myslimanizma dhe nasjonalizma), Хафиз Али Корча очајно се обидел да ги помири овие спротивставени концепти.

Под власта на Зогу во 1920-тите, на чело на ИВЗ биле поставени оџи кои давале приоритет на националното над верското и биле сменети обредите за да се оддалечат од оние дојдени со Турците. Верниците морале да се откажат и од султанот, кој бил носител на верската титула калиф, уважувана низ сиот Исламски Свет, што е слично на папството, да речеме. Од печат тогаш за првпат изглегол Куранот на албански (иронично, преведен од англиски), кој бил критикуван од теолозите заради бројните неточности. Зарем сево ова не е ерес (бида) според исламските доктрини?

Православните Албанци, пак, биле оттргнати од грчкото влијание со основањето на Албанската Православна Црква. Национални православни цркви тогаш биле веќе видена работа (етнофилетизам), но она што чуди се овие фабрикации во ИВЗ. Фактички, таму се одело на создавање на „албански национален ислам" или „исламски етнофилетизам", но такво нешто не постои. Исто како што напр. не постои Шпанска или Полска Католичка Црква, туку има една централа – Ватикан и таа црква е транснационална. Ова важи и во исламот, бар колку што сфаќам. Можеби заради ова Албанците не котираат баш високо во Исламскиот Свет.

Како и да е, со вакви фабрикации биле надминати верските шизми меѓу Албанците и бил оформен нивниот секуларен национализам. Воедно, биле направени чекори за еманципација на жената и отфрлање на хиџабот (слични на оние на Ататурк во Турција), но тие биле успешни само во понапредните, урбани кругови. Потоа, Зогу давал заклетва како врз Куранот, така и врз Библијата, со цел да се постигне национална кохезија, а подоцна, Енвер Хоџа потполно ја забранил религијата и Албанија станала единствена атеистичка држава во светот (1967), со што, национализмот уште повеќе зајакнал.

Иронично, албанските националисти кај нас „обележуваат територија" со џамии, што е спротивно на нивната национална идеологија, која се залагала религијата да биде тргната настрана и која била сумирана во стиховите на Пашко Васа од XIX век: „Единствена религија на Албанците не е ниту исламот, ниту христијанството, туку Албанството". Всушност, некои од најголемите албански националисти не биле муслимани (напр. Ноли бил православен, а Хоџа - атеист). Она што го прават нашите Албанци е девијација и заради тоа, тие се исмевани дури и во самата Албанија!

Некогашниот милет-систем довел и до следниве трагикомедии. По војната меѓу Грција и Турција (1919-1922), тие размениле население, но не на етничка, туку на верска основа: сите православни од Турција („Грци") биле набркани во Грција, а сите муслимани од Грција („Турци") - во Турција. Тука пострадале и Албанците – муслимани од Грција, па Тирана мака мачела да му укаже на Друштвото на Народите на оваа грешка! Иселувањето на Албанците – муслимани едвај било стопирано, но потоа, тие секако биле малтретирани од Грците. Православните Албанци во Грција, пак, биле од поодамна асимилирани и станале „поголеми Грци од самите Грци", околу што пишував во минатата епизода.

На Османлиската Империја Албанците ѝ дале бегови, паши и везири, меѓу кои бил и татко му на Зогу, Џемал Паша, а дури и некои султани имале делумно албанско потекло. Заради изедначувањето на исламот со Турците, Албанците – муслимани долго се колебале пред да се осамостојат од нив.

Навистина, Албанците кревале востанија (1909-1912), но тие не биле баш за независност, туку за привилегиите кои Младотурците им ги укинале, како и за автономен вилает (покраина), во кого би влегле сите етнички албански средини, за во Империјата тие да бидат заштитени од Србите, Црногорците, Бугарите и Грците. Иронично, некои од востанијата биле помагани од истите тие Срби, Црногорци, Бугари и Грци, кои тука нашле свој интерес! Тука не се знаело кој за што се бори!

Албанските востаници дури го зазеле Скопје (август 1912), но кога Турците ги прифатиле нивните барања за вилает, тие се повлекле, затоа што не им било до независност. Албанците истата нерадо ја прогласиле, дури кога нивната сакана Империја веќе се распаѓала. Реформите во ИВЗ биле неопходни за од овој „турски субетнос" да се дооформат свесни Албанци и тие да се сложат со своите сонародници - христијани.

Октопод

Држава без пари не бива, па Зогу доста им се упикувал на соседните сили, Кралството Југославија или Италија, кои си имале меѓусебни спорови. Зогу се сметал себеси за вешт државник, способен да ги манипулира и обете земји за кеш, но тој не бил на нивото на Тито, кој успешно балансирал помеѓу Западот и Истокот, без притоа да се приклучи кон ниту една од раскараните страни. Оваа вообразеност на Зогу еден ден му се удрила од глава и тоа имало катастрофални и далекусежни последици.

Во даден момент, Зогу почнал да се дистанцира од Југословените и сè повеќе да им се приближува на Италијанците. Со нив тој потпишал повеќе економско-политички договори, со кои, практично, Албанија потпаднала под силна зависност од нив. И она малку стопанство што таа го имала сега било во рацете на италијанските компании, па дури и Националната Банка на Албанија била основана и сместена во Рим! Лека-полека италијанскиот „октопод" ги пуштил своите „пипалки" низ Албанија и речиси целосно завладеал со неа. Некогашното југословенско мешање во нејзините работи, сега било заменето со италијанското. Дури и силите на Зогу биле обучувани од италијански инструктори, кои гледале да ја поткопаат одбраната на Албанија, за во иднина да ја освојат.

Љисиц или од предавник до патриот

Со дистанцирањето од Белград и приближувањето кон Рим, од предавник на Албанците и србофил, Зогу сè повеќе станувал националист. Официјално, тој се прогласил себеси за „Крал на Албанците", а не „на Албанија", затоа што Албанци живеат и во Косово, Македонија и други места, па фактички, оваа лукава титула била иредентистичка. Идеите за Голема Албанија биле непријателски за Кралството Југославија, но затоа Италија ги поддржувала (затоа што планирала да ги стави сите албански етнички простори под свој протекторат). Како може еден владетел да си става себеси вакви титули, кога нема реална власт над тие простори, никому не му е јасно.

Зогу, како што спомнав, го нарачал убиството на Цено Крезиу. Тоа што Крезиу му бил зет од сестра воопшто не му пречело да го уцмека к’о мува. Најпрвин, тие биле блиски и активно соработувале со Југословените, но подоцна, Зогу се дистанцирал од нив и се приближил кон Италијанците. Југословените, наводно, му спремале пуч, по што, на чело на Албанија тие планирале да стапи Крезиу. Тоа што Зогу го убил Крезиу воопшто не му пречело да го посвои неговиот син Тати и уште да си го прогласи за Принц на Косово. Оваа титула е споредувана со Принц од Велс или сл., но ниту Зогу, ниту неговиов принц Тати имале власт над Косово. Virtual insanity!

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Кралот Зогу (средина), кралицата-мајка Садије (лево од него), полубратот Џелал (трет од лево), сестрите Адиле, Нафије, Сеније, М’зејен, Рухије и Маџиде, како и Тати (трет од десно).

Големиот диктатор

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Како Чаплин во „Големиот диктатор".

Зогу воспоставил некаков недоквакан фашизоиден режим по урнекот на Мусолини. Инспириран од римското салутирање (високо испружена рака со отворена дланка), Зогу измислил своја варијанта и тоа доста апсурдна - дланката, во хоризонтална положба, се допира до срцето. Тоа бил Монти Пајтон, Министерство за глупо одење! Овој „голем диктатор" бил како оној од истоимениот филм на Чарли Чаплин и не смеел да излезе надвор дури ни по цигари, затоа што на улица го чекале зубати типови да му праат крвна освета за блиските кои им ги уцмекал. Против Зогу се подготвувале околу 600 крвни одмазди! Тој се плашел и дека може да биде отруен, па ја поставил мајка му Садије да раководи со кралската кујна.

Зогу бил доста искомплексиран, па откако станал крал, тој решил да го сокрива своето име Ахмет, затоа што звучело премуслимански и тој се плашел дека нема да биде довољно cool во очите на другите европски монархии. Претходно, тој го изменил и своето оригинално презиме Зоголи во Зогу за да звучи „поалбански". Зогу ретко посетувал странски земји, затоа што никој не го канел. За останатите европски монархии тој бил самопрогласен „крал" и задњи клошар. Речиси сите европски кралски семејства се меѓусебно поврзани преку мешани бракови, но Зогу немал сродство ниту со едно од нив и штрчел како паднат од Марс. Краљ ниоткуда.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Наци-шик: Зогу со сестрите.

Во 1931, Зогу конечно се решил да излезе од своето патетично „кралство" и да види свет. При посетата на Виена, на 21.02, тој отишол на операта „Палјачо" (со чиј главен лик, кловнот Канио, тој имал многу сличности) и таму бил мета на неуспешен атентат. Изем ти одмор! Атентаторите го смешале Зогу со неговиот телохранител Леш Топалај, па овој вториов навистина завршил како леш откако добил три истрели в тил. Со овој инцидент Албанците се избрукале пред Австрија и таа ги депортирала сите радикални албански емигранти до кои можела да дојде. Вака во Виена се брукале и припадниците на левото и десното крило на ВМРО кога таму бил убиен Тодор Паница (1925) од страна на Менча Карничиу (љубовницата на Ванчо Михајлов). Само што Паница не го гледал „Палјачо“, туку пиесата „Пер Гинт" на Ибзен.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Неуспешниот атентат врз Зогу во Виена, 1931.

Добри гости ти дојдоа

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Свадбената торта.

Во април 1938, Зогу се оженил со Гералдина Апоњи, девојка од пропало унгарско аристократско семејство, која продавала разгледници во гифт-шопот на Националниот Музеј во Будимпешта, кајшто вујко ѝ бил директор, и таа станала Кралица на Албанците. Во Албанија секоја шуша можела да стане „крал" или „кралица". Гостин на свадбата бил зетот на Мусолини, грофот Кјано (да не го замешате со кловнот Канио) и тој дури станал Почесен Граѓанин на Албанија, а Хитлер бил нешто зафатен и не можел да дојде, но затоа испратил свадбен подарок - Мерцедес-Бенц.

Иронично, само една година по свадбата, истите овие Италијанци ѝ упатиле на Албанија ултиматум и ја нападнале, при што, Зогу го мазнал златото од албанските национални резерви и јуначки побегнал во странство. Да, тој бил фашист, ама очигледно недоволно фашист за другиве фашисти. Граѓаните на Албанија, кутрите, биле оставени сами на себе. Тие се обиделе да пружат отпор, но биле згузени од италијанскиот генерал Guzzoni. Претходно, тој бил гувернер на Еритреја и сега тој победнички вмарширал во новата афричка колонија - Албанија.

ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

Општо

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Виктор Емануел III ја добива круната на Скендербег и станува Крал на Албанците (сликата е нереална – тој бил висок 153 см.).

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Албанската Фашистичка Милиција, создадена од Италијанците.

Во војната, Албанија најпрвин била афричка колонија на италијанскиот крал Виктор Емануел Трети, кој на својата титула Император на Етиопија (освоена од Италијанците во 1936), ја додал титулата Крал на Албанците. Во Албанија започнала колонизација со Италијанци, кои, според антикви­заторските идеи на Мусолини, требало да ја реставрираат римската власт над Илирија. Италијанците биле пријателски настроени кон Албанците и им дозволиле државност, но не и независност, а го поддржале и планот за Голема Албанија, во чиј состав влегле Косово и Западна Македонија. Премиер на оваа зависна држава, т.е. протекторат, станал веќе споменатиот Верлачи, сега предводник на Албанската Фашистичка Партија, кој со ова му се одмаздил на Зогу за кршењето на веридбата со Бехије. По капитулацијата на Италија (1943), Албанија ја окупирал Хитлер. Тој, како и други лудаци, бил фасциниран од илирската антиквизација и им дозволил на Албанците широка автономија и им ја создал СС Дивизијата Скендербег (именувана според синот на Војислава). Истотака, во Албанија биле испраќани германски антрополози за да вршат истражувања врз тамошното население (антропометриски и др.), затоа што Хитлер го сметал за „ариевско“, „најстаро во Европа“ и сл. Во Албанија се појавиле и движења на отпорот, но тие често се убивале помеѓу себе.

Епик фејл во Грција

На 28.10.1940, итало-албански трупи тргнале да ја заземат Грција. Иронично, на нејзино чело тогаш бил фашистот Метаксас и нападот од страна на неговите идоли, Италијанците, за него било големо разочарување, но тој не само што ги спотерал назад, туку влегол во Албанија и окупирал делови од неа! Ова морале да го оправаат Германците, кои ја поразиле Грција во април 1941, по што, Италијанците зазеле дел од неа без борба.

Чамеријската трагедија

За Чамеријските Албанци (Чамите) капитулацијата на Грција претставувала ослободување. Тие тогаш воспоставиле колабора­ционистичка администрација, но следел нов фејл - Чамерија не влегла во составот на Албанија. На таквата идеја ѝ се спротивставиле Власите од Чамерија, а Италија не сакала да ги навреди, затоа што, како римјанизирани, латинизирани жители на Балканот, таа ги сметала за блиски.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

„Ариевски" припадник на СС Дивизијата Скендербег.

Во делови од Грција, Италијанците дозволиле создавање на влашкото Кнежевство Пинд, а Чамите биле тешени дека „нивното прашање ќе се реши по војната". Фактички, Чамите во војната не добиле нешто особено, но затоа најмногу го изеле по нејзиното завршување. Грците тогаш им направиле етничко чистење, кое било претставено како „праведна одмазда" за нивната соработка со окупаторот. За Албанците ова била трагедија слична на Егејската за нас.

Братство-убиство

Втората Светска Војна за Албанците воедно била и граѓанска (кој знае која по ред). Во неа се судриле: владејачките фашисти; монархистичкото движење Легалитети на Абаз Купи, кое било за враќање на Зогу; републиканскиот Национален Фронт (Balli Kombëtar, т.е. балистите) на Мидхат Фрашери и Али Клисура, што најпрвин било движење на отпорот, кое набргу станало колаборациско; како и комунистичките партизани на Енвер Хоџа, кои ја однеле победата.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Регрутација на Албанци за СС Дивизијата Скендербег.

Албанија против Англо-Американците

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Британците бомбардираат Италијанци во Албанија, 1940.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Pulp Fiction: воздушни операции над Албанија во романчето на Дејвид Гудис, 1942.

Во времето на инвазијата врз Грција, во нејзина заштита скокнала Британија и нејзините доминиони Канада, Австралија, Нов Зеланд и Јужна Африка, па Албанија била кембечена од нивните бомбардери. На 17.12.1941, Албанија како сојузник на фашистите им објавила војна на САД (WTF?!). Добро е што американскиот претседател Вудроу Вилсон, кој некогаш ја поддржал Албанија, одамна не бил жив за да не ја глеа оваа бламажа. Американците тогаш виделе големи маки. Да ја лоцираат Албанија на мапа. Но откако успеале во тоа, во „журката" се вклучиле и нивните бомбардери.

На 27.04.1944, весникот на албанската фашистичка влада „Башкими и комбит" (Единство на Нацијата) реагирал на англо-американските бомбардирања со следниов напис: „Во несреќнава Тирана, вие, господа, намерно нападнавте на пазарен ден, кога селаните доаѓаат в град да купат кило сол или пипер за еден лек (албанска валута, моја заб.). Нивните трупови, заедно со трупови на коњи и магариња беа расфрлани по улиците и ендеците, а вие, господа, одлетавте назад кон своите бази за, нормално, да испиете чашка виски, откако ја исполнивте својата мисија и рапортиравте за радоста која му ја донесовте на несреќниов народ".

Тоа не била само фашистичка пропаганда, туку сојузничките бомбардери во Албанија навистина побиле повеќе цивили отколку фашисти. Западните сојузници испратиле воени мисии во Албанија за да ги помагаат нејзините движења на отпорот, а тие, кутрите, очајно ги молеле бомбардирањата да престанат! Таква „сојузничка помош" ним не им требала! Оваа трагикомедија помалку потсетува на бомбардирањата на НАТО врз Србија (1999), во кои, иронично, пострадале многу Албанци.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Јужноафриканците Пол Кругер и Бил Јангер напаѓаат касарни во Тирана, ноември 1944.

СТУДЕНАТА ВОЈНА

Зогу во егзил

По Втората Светска Војна, во Албанија бил воспоставен комунистичкиот режим на Хоџа, па кралот Зогу и кралицата Гералдина повеќе не можеле да се вратат во неа и тие се мафтале низ светот до крајот на животот. Во даден период, тие биле здомени од египетскиот крал Фарук. Тој имал делумно албанско потекло како наследник на османлискиот владетел на Египет Мухамед Али и важел за доста корумпиран и развратен. Иронично, во 1946, италијанскиот крал Виктор Емануел Трети истотака го загубил тронот и побегнал во Египет, кајшто му станал прв комшија на Зогу и му се извинувал (у стилу: „еј, извини што те заебав", на што вториов веројатно одговорил: „ма нема везе, се дешава"). Во 1952, самиот Фарук бил соборен од тронот, а на власт стапиле генералите Нагиб и Насер (кого го знаете како пријател на Тито и еден од основачите на Движењето на Неврзаните). Зогу и Гералдина повеќе не биле добредојдени во Египет и побегнале во Париз.

Keep It in the Family

Декласифицираниот рапорт на американската разузнавачка служба ЦИА со бр. 00-B-8501-49 од 30.09.1949 открива дека Зогу бил во инцестна врска со својата сестра Сеније. За нештата да бидат уште пошокантни, кралицата Гералдина знаела за ова, но го премолчувала. Нејзе Зогу ѝ го донел својот соработник Александар Де Вила алиас Скендери за да ја „забавува". Извор за овие информации (читај: кодош) бил њујоршкиот адвокат Едгар М. Чурч, кој бил ангажиран од страна на Зогу да ги застапува неговите интереси во САД. Како што веќе спомнав, во тоа време, Зогу се наоѓал во егзил во Александрија, Египет. Чурч се зближил со Зогу благодарение на својата сопруга Маргарет, која била родина на Гералдина. За Сеније, Чурч рапортира дека била, цитирам: „моронска жена". Таа била мажена за османлискиот принц во егзил Шехзаде Мехмед Абид, но случајно или не, токму во 1949, тие се развеле. Чурч истотака рапортирал и за големи финансиски малверзации од страна на Зогу и неговото опкружување. Луда куќа!

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Рапортот на ЦИА, види точка 15.

Мафиозо

Од бракот на кралот Зогу и кралицата Гералдина се родил принцот Лека Први. Практично, сиот свој живот тој бил во егзил, а во Албанија тој ги минал само своите први денови, како новороденче. Тој бил роден на 05.04.1939, само два дена пред италијанската инвазија, заради која, тој со своите родители морал да побегне. Практично, Лека Први немал поим како изгледа Албанија и не знаел каде е на мапа. Но тоа нималку не ѝ пречело на албанската монархистичка емиграција, по смртта на Зогу, да го прогласи Лека Први за Крал на Албанците (1961). Свеченото прогласување се случило во парискиот хотел Бристол, а сведоци биле насобраните проститутки пред влезот на истиот. Всушност, престолонаследник на Зогу требало да биде претходно споменатиот Тати, Принцот на Косово, ал’ нема везе, него уште одамна го шутнале и заборавиле. Дај друго дете.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Родићеш ми сина – краља кокаина: Лека Први.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Ги погодил боиве.

Лека Први бил познат по своето нималку аристократско однесување и имал повеќе лоши навики. За свое место на живеење тој секогаш бирал фашизоидни држави, тој поседувал огромни количества на илегално оружје и имал соработка со нарко-мафијата. Можеби е грд стереотип, но и други Албанци го делат со него ова „хоби".

Одреден период, Лека Први поминал во Шпанија, тогаш под фашистот Франко и подоцна се спријателил со кралот Хуан Карлос. По падот на Франко, во 1979, Лека Први бил набркан од Шпанија, затоа што било откриено дека сокрива оружје и дека се занимава со иредентистички активности (Тито свртел телефон?). Лека Први се правдал дека сакал да формира паравојска за да ја ослободи Албанија од комунизмот, но постојат сомненија дека се занимавал со шверц на оружје. Тој бил забележуван на повеќе ратишта низ светот: Ангола, Мозамбик, Виетнам, Камбоџа, Јемен итн.

Заради поседување на оружје, Лека Први одлежал куса затворска казна во Тајланд, а имал соработка со американските нарко-босови Џевдет Лика, Џевдет Мустафа и други Џевдети. Во 1982, тие организирале група, која илегално влегла во Албанија за да го убие Хоџа, што завршило како фејл. Сличен фејл доживеал и татко му Зогу во 1955, кога во соработка со американската ЦИА и британската МИ6, тој испратил група во Албанија за да предизвика востание против Хоџа.

Откако Лека Први бил шутнат од Шпанија, тој живеел во Египет, а потоа во африканската држава Родезија, тогаш под власта на белите расисти, но морал да побегне од неа откако црнците на чело со Мугабе се избориле за власт и ја преименувале во Зимбабве. Најпосле, тој се преселил во Јужноафриканската Република (ЈАР), која тогаш била под расистичкиот режим апартхејдот.

При овие селидби, тој слетал во Габон да наполни гориво и бил опколен од тамошните трупи, кои рекле дека го апсат по барање на албанската комунистичка влада. Тој се појавил на вратата од авионот со базука у руки! Соочени со базука уперена у фаца, Габонциве се разбегале во околната џунгла! Според друга верзија, тие решиле да го уапсат, откако Шпанија ги предупредила за неговото илегално оружје, и уште, тоа не била базука, туку 40-милиметарски рачен фрлач на гранати. Првата верзија ми е помалку веројатна, затоа што тогашниот габонски диктатор Омар Бонго не бил комунист, туку пион на Франција, но како и да е, инцидентов навистина се случил, а ситните детали не ја менуваат суштината.

При крајот на 1980-тите и почетокот на 1990-тите, кога СФР Југославија одела кон распад, Лека Први давал хушкачки изјави во медиумите во врска со Косово, што подоцна му се удрило од глава, а како, ќе видите малку подоцна.

Лека Први се оженил за Сузан Кулен-Ворд или Вилијамс (или како веќе се презива), ќерка на австралиски овчар, која станала „Кралица на Албанците". Во 1982, во Јоханесбург, ЈАР, ним се родил синот Лека Анвар Зог Реза Бодуeн Мсизиве Зогу. Тој е именуван во чест на: египетскиот претседател Анвар Ел Садат, сметан од Арапите за предавник откако склопил мир со Израел и САД; албанскиот крал Зогу; иранскиот шах Реза, познат по своето брутално и расипничко владеење; белгискиот крал Бодуен Први, кој требел црнци во својата колонија Конго; а Мсизиве на зулу јазикот означува нешто како „Негово Височество". Албанскиов престолонаследник сигурно бил мошне „задоволен" со ова име, па тој денес се претставува просто како Лека Втори. ЈАР дозволила просторијата во која тој се родил да добие екстериторијален статус во текот на 24 часови за тој да биде „роден во Албанија".

По падот на апартхејдот, во 1999, јужноафриканската полиција нашла околу 70 парчиња оружје и тони муниција во домот на Лека Први, кого го уапсила, по што, нему му бил одземен дипломатскиот имунитет и тој морал да ја напушти земјата. Човеков злоупотребувал гостопримство и се бламирал каде и да стапнел!

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Лека Први со својата паравојска (ист Шешељ).

Енвер Хоџа

Додека Лека Први си се бавел со својата виртуелна царштина, во реалноста, со неговата земја владеел сталинистичкиот диктатор Енвер Хоџа. По Втората Светска Војна, тој ја создал Народна Република Албанија, која, во 1976, била преименувана во Народна Социјалистичка Република Албанија (ем народна, ем социјалистичка, што сакаш поише?). Тоа била најзаостанатата, најрепресивната и најизолираната држава во Европа. Хоџа ја опколил со илјадници бункери, бодликави жици и мински полиња и им плачел мајче на нејзините жители 40 години и 169 денови. Земјата толку се изолирала, што веќе не учествувала дури ни на Олимписките Игри. Во дадени периоди, Хоџа ги извршувал следниве функции одеднаш: прв секретар на владејачката Партија на Трудот, премиер, министер за надворешни и за одбрана. Мултитаскинг! Воедно, Хоџа бил и голем албански националист и илирски антиквизатор.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Албански партизани се бакнуваат, Каваја, 1944.

Енвер Хоџа бил и хомосексуалец и спиел со многу Албанци. Ова не е печатна грешка. Иако тој жестоко ги репресирал геј луѓето, тој ним самиот им припаѓал, а оваа тајна ја открил неговиот личен секретар Илир Булка по своето бегство во Грција во ноември 1987 и ова го пренеле повеќе грчки и италијански медиуми. За истово пишувале и повеќе релевантни албански и странски интелектуалци. Во списокот се: Бленди Февзиу, студентски активист против комунистичкиот режим во раните 1990-ти и долгогодишен новинар, познат по ТВ емисијата „Опинион"; проф. Арши Пипа, кој побегнал од режимот на Хоџа во СФР Југославија, а оттаму во САД, кајшто предавал на Беркли, Колумбија, Џорџтаун и Минесота; писателот и француски академик Исмаил Кадаре; како и стручњакот за албанска историја и култура Роберт Елси. Околу хомосексуалноста на Хоџа, Пипа дури напишал стихови, цитирам: "O bandill, të lumtë bitha! Ajo i shpjegon të gjitha. Ç'duhen dituri e mënd kur njeriu ka fatin tënd?" или во превод (не баш идеален): „О, фраеру, слава на твојот г’з! Ова објаснува сè. Кому требаат ум и знаење, кога имаш среќа у тоа г’зот?".

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Хоџа во младоста (лево) и Лусиен Вогел (десно).

Првите геј искуства Хоџа ги имал како студент во Монпеље, Париз и Брисел. Откако станал комунистички диктатор, тој често држел говоранции на тема на „угнетените пролетери" и сл., а всушност, тој бил од имотно семејство и студирал на познати европски универзитети. Но тој бил слаб студент и повеќе киснел по геј-барови и кабареа, кајшто се дружел со тогаш главниот боем, авангардист, трендсетер и „салонски социјалист" Лусиен Вогел. Откако Хоџа стапил на власт, тој ја злоупотребувал за да добие секс и ни еден маж не смеел да го одбие. Оние кои ќе се дрзнеле биле убивани, а биле тероризирани и нивните семејства. Така пострадале повеќе видни личности од албанското раководство. Омилени на Хоџа му биле млади интелектуалци и тој често ги канел во својата резиденција (т.е. тие му биле насила довезувани). Формално, тој бил женет за Битолчанката Неџмије, која во својата младост била симпатична, но залудно, тој предпочитал мажи.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Хоџа во партизани со дервишот Баба Фаја Мартанеши, кого го врбувал за својата кауза.

Хоџа и Комунистичкиот Свет

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Хоџа и Битолчанката Неџмије.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Хоџа the Gaylord.

Под власта на Хоџа, Албанија скокнала од феудализам директно у социјализам, без за тоа да се исполнат ни основни предуслови. Таму немало никакво стопанство, ниту индустриски пролетаријат. Комунистичката Партија на Албанија (подоцна Партијата на Трудот) била формирана у некоја шупа у есента 1941 од некои двајца-без-тројца, кои едвај го сфаќале „Индијанецот Винету" на Карл Мај, а не па „Капиталот" на Карл Маркс. Затоа, ним морале да им помагаат југословенските комунисти Миладин Поповиќ и Душан Мугоша. Најпрвин, Хоџа имал соработка со Тито, кој му помогнал да дојде на власт, но по југословенскиот судир со Сталин (1948), Хоџа, како тврдокорен сталинист, ја одбрал советската страна.

Иронично, Сталин не му ја возвраќал љубовта со иста мера. Во 1947, Сталин дури не ги поканил Албанците на основањето на асоцијацијата на источно­европските комунистички држави Информбирото. Пред раскинот во 1948, Сталин дури им рекол на Југословените дека Албанците се „назадни и примитивни", а овие ги бранеле своите комшии, укажувајќи дека тоа е „древен и горд народ", „наследник на Илирите", кој е „верен на комунистичката кауза". Но Сталин одмавнал со рака, велејќи: „Тие можат да бидат верни к'о псета, тоа е својство на примитивците. Нашите Чуваши се исти. Руските цареви ги користеле како телохранители".

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Основањето на КПА (Партијата на Трудот) у некоја шупа.

До 1948, Југословените имале силно влијание врз економско-политичкиот живот на Албанија. Тие ѝ помогнале да се подизвади од кал, да изгради некои фабрики за сардини, телефонски централи и патишта, а доста ги користеле нејзините суровини. Кај Хоџа ова создавало комплекс , како и параноја дека тие од Албанија си прават афричка колонија и дека ќе ја вклучат во својата федерација. Всушност, идејата за вклучување на Албанија во Југославија ја дал неговиот идол Сталин!

Сталин го интересирало зошто во Албанија има толку многу словенски топоними и ги прашал Југословените дали таа донекаде е словенска земја, за најпосле, тој апла да им предложи „да ја голтнат". Тој дури направил гестикулација, спојувајќи ги врвовите на своите три прсти во едно како да ќе се прекрсти, по што ги принел кон своите усни и рекол „Ам!". Така барем сведочеле Ѓилас, Кардељ, Дедијер и други југословенски комунисти. Ако се случело тоа, Албанија ќе станела југословенска република, како што, например, Таџикистан била советска. За ова Хоџа не знаел (или не сакал да знае) и тој останал сталинист до смрт.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Од времето на блиските албанско-кинески односи.

Во 1953, Сталин починал, а Хоџа ги терал граѓаните да коленичат среде Тирана и да рецитираат жалопојка од 2000 зборови, која тој самиот ја подготвил (тој бил бивш учител). Арно ама, во доцните 1950-ти и раните 1960-ти, во СССР била спроведена десталинизација и сега Хоџа се скарал со Москва, сметајќи дека таа „скршнала од патот", по што, тој се врзал со НР Кина, која го делела ова мислење. Арно ама, во 1970-тите и 1980-тите, НР Кина ги затоплила односите со Западот (контра на СССР) и спровела економска либерализација, па Албанија се скарала со Пекинг. Практично, Албанија се скарала со сиот свет! Албанија западнала во аутаркија (самодоволност). Ништо во неа не влегувало и ништо не излегувало, ни луѓе, ни стоки, ни идеи, ни птици, ни муви, а нејзините граѓани скапувале во беда или гулази (освен оние кои имале к'смет да бидат убиени или да избегаат од државата).

Модернизација

Хоџа имал идеја од Албанија да прави индустриска сила, но пред раскинот со Југословените, тие го советувале дека таа е неумна и дека поарно е тој ним да им продава евтини суровини, од кои тие ќе прават готови производи. Тој им се лутел и сметал дека тие го кочат развојот на Албанија, но по раскинот со нив, истиве деловни совети тој ги добил и од Москва! Тој не можел да сфати дека Албанија е таква-каква-што-е, заостаната и неразвиена и дека не може веднаш да прави вселенски бродови!

Сепак, Хоџа успеал да направи некакви фабрики, некаква железница, некакви болници, некакво описменување, некаква еманципација на жената итн. Да го парафразирам Борат: во Албанија жените повеќе не морале да се возат надвор од автобусите, процентот на заболени од сифилис бил намален и сл. Во Албанија сè било „некакво" и недоделкано, а за сметка на овој курат „напредок" биле затворени или убиени илјадници граѓани!

Хоџа починал во 1985 и бил заменет со Рамиз Алија, кој, во 1989, малце ги олабавил стегите, а нивниот режим сосема паднал во раните 1990-ти. Странските репортери, кои тогаш веќе можеле да ја посетат Албанија, биле шокирани од сликата која таму ги дочекала.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Градски превоз, Тирана.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Комунизмот цвета.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Пекара, Скадар.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Ноќен живот, Тирана.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Фризерски салон.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Продавница за трикотажа.

Хоџа и национализмот

Поведен од илирската антиквизација, Хоџа ги помагал албанските сепаратисти и иредентисти во СФРЈ, особено во САП Косово и СР Македонија, кајшто, иронично, Албанците живееле далеку подобро отколку во неговата вукојебина.

Објективно, имало периоди кога СФРЈ била нешто порепресивна кон Албанците, особено кога со нејзините безбедносни служби раководел Ранковиќ, но во 1966, Тито го сменил, по што, следела либерализација и децентрализација на државата. Со Уставот од 1974, српската покраина Косово добила уште поголема автономија, фактички, на нивото на сојузните републики. Ова предизвикало огорченост во Србија и подем на лудакот Милошевиќ, кој требало да ги исправи овие, според него, неправди. Испаѓа дека Србите трпеле повеќе штети во СФРЈ отколку Албанците и дека Тито е најголемиот албански херој. Тој придонел за косовската државност многу повеќе отколку, например, неписмениот друмски разбојник Адем Јашари, чие име сега го краси приштинскиот аеродром. Тој треба да се вика Shoku Tito!

СФРЈ не само што им дала на Албанците широка автономија, туку во даден период, таа имала и претседател - Албанец, Синан Хасани (1922-2010). Била дозволена и употребата на албанското знаме, само со мали модификации за да се разликува од она на НСР Албанија. Во СФРЈ биле основани: Приштинскиот Универзитет (1969), ТВ Приштина (1974), Академијата на Косово (1975) и други важни институции. За афирмацијата на албанскиот јазик, РТВ Скопје (денес МРТВ) направила многу повеќе отколку Албанија, затоа што нејзините медиуми не биле толку развиени. Југословенските Албанци имале слобода на движење, говор и творештво, за каква што во Албанија можеле само да сонуваат. Косовскиот актер Беким Фехмиу направил светска кариера и ги тртел Брижит Бардо и Клаудија Кардинале, а косовскиот претседател Ругова во младоста имал прилика да студира на славната Сорбона, кајшто професор му бил филозофот Роланд Барт. Ова се фрапантни факти!

Пропали комуњари

Некогашните борци за одделување на Косово од СФРЈ, како напр. Јусуф Гервала и Адем Демачи, денес се претставени како „борци за демократија и човекови права", „жртви на комунизмот" и сл., но иронично, своето движење тие го нарекувале марксистичко-ленинистичко. Нив ни најмалку не ги интересирала демократијата, слободата на говорот, слободните избори и печат, туку ним им било малце комунизам и тие сакале уште повеќе комунизам. Тоа биле тврдокорни енверисти, хоџаисти (зависи кој како ги вика) и ова го потврди дури и нашиот политичар Алајдин Демири во изјавата за документарецот „Загрозено мнозинство".

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Иронија: косовскиот хоџаист Демачи ја добива Сахаровата Награда за Слобода на Мислата од Европскиот Парламент, 1991.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Симпатизер на УЧК со комунистички поздрав покрај статуата на Хоџа, поставена врз знамето на НСР Албанија со петокраката.

Заради своите активности, Демачи поминал по југословенските затвори околу 28 години и бил споредуван со славни дисиденти од источно­европските комунистички земји (Сахаров, Дубчек, Марченко), но иронично, тој не крие дека нему идол му е комунистичкиот диктатор Хоџа! Како било можно Европскиот Парламент на Демачи да му ја додели Сахаровата Награда за Слобода на Мислата, никому не му е јасно. Славниот руски дисидент и нуклеарен физичар Сахаров, според кого таа е именувана, сигурно се превртувал во гроб кога бил ставен во ист список со оваа шуша!

За борба против СФРЈ, Хоџа спонзорирал повеќе тајни организации со доста куси имиња: Марксистичко - Ленинистичка Комунистичка Партија на Албанците во Југославија (Partia Komuniste Marksiste-Leniniste e Shqiptarëve në Jugosllavi), Национално-Ослободително Движење на Албанците од Косово и Другите Албански Земји (Lëvizjes Nacionalçlirimtare të Kosovës dhe Viseve të tjera Shqiptare), Марксистичко-Ленинистичко Движење на Косово (Organizata Marksiste Leniniste e Kosovës) и др.

Во 1982, сите тие се обединиле во Народното Движење на Косово (Lëvizja Popullore e Kosovës). Но иронично, Косово стана независно со интервенцијата на „трулите капиталисти и империјалисти" НАТО, при што, некогашните марксисти-ленинисти морале да молчат за своето минато. Фактички, Ослободителната Армија на Косово (УЧК) е чедо на Народното Движење на Косово. Тоа се пропали комуњари.

Хипи-маоисти

Додека жителите на НСР Албанија гладувале, Хоџа спичкал грдни пари за формирање на пропагандно-шпиунски организации не само во СФРЈ, туку дури и во западноевропските и прекуокеанските земји, маскирани под називите: „Друштво за Шведско-Албанско Пријателство", „Норвешко-Албанско Пријателство" и сл. Истотака, тој печател книги и списанија на разни јазици, наменети за жителите на тие земји и отворал читални во нив. Дури и оваа негова патетична држава сакала да шири свое политичко влијание и за чудо, имало некои наивни идеалисти кои потпаѓале под истото.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Хипи-маоисти во Њујорк, 1971.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

„Албанија – најуспешната земја во Европа", памфлет на британските хоџаисти, 1977.

Во Западниот Свет, втората половина на 1960-тите (особено славната 1968-ма) биле време на левичарски радикализам, протести против Виетнамската Војна и Црвени Универзитети, како и на афро-американските милитанти Црните Пантери. Таму имало и некакви хипи-маоисти, како оние од филмот "La Chinoise" на Годар или како оние кои Битлси ги критикувале во својата песна "Revolution", цитирам: "But if you go carrying pictures of Chairman Mao, you ain't going to make it with anyone anyhow". Паролата на тие млади луѓе била „Маркс, Мао, Маркузе!" и тие го обожувале Мао Це Тунг, не сфаќајќи дека тој нив би ги ошишал и би ги пратил у преваспитни логори. Според нив, Мао бил последниот вистински комунист и револуционер, додека СССР и СФРЈ биле као позери и sell-outs. СССР се компромитирал со инвазијата врз Чехословачка (1968), додека СФРЈ била као „црвена буржоазија". Но подоцна, на изненадување на хипи-маоистите, Мао ѝ се продал на Америка, па сега Хоџа за нив станал "the next real thing". Иронично, овој долгокос радикализам на Хоџа му бил крајно одбоен и нему не му се допаѓал дури ни тогаш актуелниот Че Гевара.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Јансон со шведски превод на феминистичкиот памфлет на Хоџа - "Två tal om kvinnan".

Накусо, во 1970-тите хоџаизмот бил "in". За шака лудаци, де. Меѓу нив бил Босе Јансон (27), поштар од Стокхолм. На 04.04.1976, типов го снемало. Онака, го снемало, испарил. Дали се фрлил у море, дали се вплеткал во некои шпиунски мрежи, останува нејасно. Тој ја имал посетено Албанија, што заради нејзината изолираност било речиси невозможно и често гостувал во нејзината амбасада. За да го постигне тоа, тој сигурно морал да ги увери Албанците дека е политички подобен, да им се додворува, да пуши и сл. Во таквите друштва за пријателство се зачленувале и Швеѓани кои не ги интересирала политиката, туку албанскиот јазик, историја и култура, но тие ипак морале да пушат за да им се дозволи посета на земјата. Кои биле мотивите на Јансон, дали политички или туристички, не е јасно, но обично вака завршуваат „корисните идиоти". Некои од овие друштва сè уште функционираат и работат на пропагирање на косовската кауза.

ТРАНЗИЦИЈА

Пеликани

Од долгогодишниот хоџаистички терор, изолација и стагнација, Албанците, за жал, излегле како ретардирани. Следела тешка транзиција, фактички најтешка во пост-комунистичкиот свет. Албанија била најутепаната држава во тој свет, како и во светот воопшто. Но наместо демократизација и економски просперитет, настапил хаос, беззаконие и глад. Крутиот комунистички режим веќе го немало за да ја контролира ситуацијата, а новите власти не биле способни за тоа.

Во 1991, илјадници Албанци сосе жени и деца бегале од својата земја во Италија на претоварени бродови и чамци, пришто честопати се давеле во Јадранот, слично како и бегалците од Сомалија, Либија или Сирија денес. Основа за барање на политички азил тука немало, затоа што Албанија повеќе не била комунистичка земја и оваа миграција била чисто економска. За да спречи доаѓање на нови лажни азиланти, Италија започнала да ѝ испраќа на Албанија хуманитарни конвои, но тие често завршувале во рацете на албанските банди. Заради обезбедување на конвоите, Италија морала да ја преземе воената Операција Пеликан (Operazione Pellicano), која се одвивала во периодот 1991-1993. Иронично, многу Албанци тогаш пострадале од хуманитарните пратки, затоа што неправилно ја одмрзнувале и подготвувале храната, по што добивале тешки труења. Се разбира, тоа месо не било баш најсвежо (кој знае што им праќале).

Повторно распад на Албанија

Во Албанија никнале повеќе измамнички пирамидални штедилници, па по нивниот крах во 1997, нејзините граѓани започнале масовни протести со кои си ги барале парите назад, што прераснало во нереди. Разгневени толпи провалиле во касарните на албанската армија, секој копиљ шетал со калашњиков у рука, а од затворите биле ослободени голем број на убијци, крадци и силувачи. Започнале масакри, ограбувања на продавници и банки, киднапирања и силувања! Албанија престанала да постои како држава!

Пијани и издрогирани банди на тенкови се возикале по улиците на албанските градови и макљале сè живо по пат, а украдени топови биле свртени кон Тирана со намера таа да биде гаѓана. Бандитите дури успеале да заземат бродови на албанската ратна морнарица и како пирати да ги напаѓаат приморските места. Вооружените сили на Албанија масовно дезертирале, а побитен настан било бегството на воените пилоти Агрон Дајчи и Адријан Елези со своите авиони во Италија на 04.03.1997. На 16.03, пак, толпите дури украле радиоактивни материи и хемиско оружје во градот Фиер. На 21.03, соседна Грција изјавила дека ќе мора воено да интервенира во Северен Епир (на југот на Албанија) за да ги заштити тамошните Грци, на што, Турција реагирала дека ќе изврши инвазија врз Грција и дека ќе ја освои Атина!

Во Албанија, фактички, се водела граѓанска војна (којзнае која по ред) и повторно секое село се прогласувало себеси за „држава", а секој бандит за „преЦедател" . Тука се видело дека дури и албанското национално прашање да било решено и дури да се остварел идеалот за Голема Албанија, Албанците бездруго ќе се убивале помеѓу себе. Се разбира, тогашниот претседател на Албанија, Бериша, не почувствувал никаква вина или одговорност за настаната состојба и не сакал да си даде оставка. Не бе, брате, мува не го лази! Типов го болело уво за својата сопствена држава, а неколку години подоцна, без перде и срам, тој дури стана и нејзин премиер!

Тука не се знаело кој кого убива, ограбува или трти. Некои од паравојските имале чисто криминален карактер, додека други имале политички цели, како напр. бившите комунисти, реформирани под називот Социјалистичка Партија на Албанија, кои тука виделе шанса да се вратат на власт, како и монархистите, кои, пак, барале враќање на кралот.

Среде општиот хаос, на 12.04.1997, во Тирана се појавил „кралот" Лека Први. Уште само тој им фалел! Тој помпезно се појавил во униформа, опколен со вооружено обезбедување и бил дочекан со овации од голем број на Албанци. Мора да се спомне дека на истиот датум, огромен број на пациенти побегнале од психијатриската болница во албанскиот град Елбасан, со што може да се објасни големата посетеност на настанот. Знаете ли како било таму? Лудница!

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Лека Први среде хаосот во Албанија, 1997.

Во Албанија не функционирало ништо, но за чудо, некој дошол на „генијална" идеја баш тогаш да организира референдум за реставрација на монархијата. Тој се одржал на 29.06.1997 (можете само да замислите во какви услови) и Лека не добил поддршка. Тој ги отфрлил резултатите на референдумот, по што настанале судири и пуцњави во кои неколку Албанци загинале, и на крај, тој побегнал од земјата. Албанските судови потоа го осудиле во отсуство за организирање на вооружено востание.

Хаосот завршил дури по интервенцијата на американските, француските, германските, австриските, италијанските, романските, грчките и турските сили, по што, Албанија на вештачки начин била реставрирана како „држава".

ПОНОВА ИСТОРИЈА

Хирошима

Мазнатото оружје од албанските касарни во 1997, преку илегални канали пристигнало во Косово и со него била вооружена УЧК. Иронично е што Албанија морала да се распадне за Косово да се ослободи. Да не е ужасно, ова би било ужасно смешно. На 17.02.2008, Косово прогласи независност и веќе следниот ден Албанија го призна. Но помалку од месец дена подоцна, во Албанија се случи Хирошима! На 15.03, во воениот магацин во албанското село Грдец (Gërdec) избувна пожар и тоа буквално летна у ваздух! И жени и деца и старци! Запалената артилериска муниција толку силно експлодира, што предизвика разурнувања и во околните места, а пострадаа дури и прозорците на аеродромот во Тирана, која се наоѓа на 14 км. оддалеченост. Експлозиите тогаш можеа да се чујат дури и во Скопје! Ова беше уште еден доказ за дисфункционалноста на албанската држава и нејзината патетична армија, која има побијено повеќе Албанци отколку непријатели. „Њујорк Тајмс" тогаш напиша: „Несреќи се случуваат, но кога фабрика собрала неискусни селани да расклопуваат илјадници артилериски гранати дневно со метални шипки или голи раце, катастрофата која следела е тешко да се нарече несреќа". Официјално, ова требало да биде уништување на застарена муниција од страна на компетентни лица, но се утврди дека корумпираните албански офицери ангажирале сиромашни селани, па дури и деца, да ги отвораат гранатите и да го вадат барутот од нив, за тој да биде продаден на црниот пазар. Ова треба да го згрози секој нормален човек, но, интересно, во следната година, Албанија без проблем влезе во НАТО. Како ова смееше да се случи?

Во Албанија се има случено уште еден голем скандал поврзан со нејзините вооружени сили, а тоа е откривањето на напуштени складови преполни со смртоносно хемиско оружје (2005). Тие биле подигнати уште во времето на Енвер Хоџа, но по падот на неговиот режим и хаосот кој следел, тие просто биле баталени и заборавени! Фактички, секој терорист можел да влезе во нив и да украде адамсит, луизит, иперит и други опасни материи! Овие складови содржат доволно отров за милиони смртоносни дози и ќути што тие не експлодирале како оној во Грдец! Можеби токму затоа овој скандал не доби толкав публицитет.

(Не)заслужен влез во НАТО

За влезот на Албанија во НАТО најверојатно помогна поддршката на американскиот претседател Џорџ Буш. Тој ја посети неа во јуни 2007, при што се ракуваше со насобраните Албанци и некој му го мазна саатот. Како е можно шефот на најмоќната светска сила да посетува една толку небезбедна и нестабилна земја и да го поддржува нејзиниот влез во НАТО, и уште, физички да контактира со маса непознати луѓе, никому не му е јасно. Патем, Буш оправдано е најомразениот и најисмеваниот претседател во поновата историја на САД, а само во Албанија тој беше дочекан со најголем ентузијазам и почести.

Свеченото примање на Албанија во НАТО се случи на 01.04.2009, што, за жал, не беше првоаприлска шега. Два дена подоцна, Франција се врати во НАТО, откако во даден историски период, таа се дистанцираше од него. На 20.03, Бугарија го призна Косово, за на 03.07 да ѝ се случи нешто слично како на Албанија - огромна експлозија на воениот склад во Челопечене, 10 км. од Софија! Сум рекол и повторно ќе речам дека не негирам блискост помеѓу нас и Бугарите, но како тие и Албанците залутаа во НАТО, никому не му е јасно. Истово важи и за Грција и Турција, чии меѓусебни кавги се постојана закана за неговата кохезија. Евидентно, НАТО е еден тежок башибозук и секој нормален би се дистанцирал од него!

При бомбардирањето на Србија во 1999, НАТО направил повеќе грешки или воени злосторства (неговото објаснување било „колатерална штета"). Биле погаѓани болници, школи, патнички возови и автобуси, а пострадала дури и кинеската амбасада во Белград, како и „невидливиот" американски авион Ф-117, соборен од војводинскиот пекар од унгарско потекло, Золтан Дани. Погодените подрачја сè уште страдаат од осиромашениот ураниум, а биле употребени и контроверзните касетни бомби. Целта на НАТО била да им помогне на Албанците, но иронично, тој убил повеќе Албанци отколку Срби.

На 14.04.1999, НАТО по грешка бомбардирал бегалска колона составена од Косовски Албанци кај Ѓаковица, при што 73 загинале, а 36 биле ранети. Еден месец подоцна, колона Косовски Албанци била бомбардирана кај Кориша, Призренско, при што, 87 од нив загинале, а 60 биле ранети. На 22.05, НАТО го бомбардирал Кошаре, тогаш во рацете на УЧК, која притоа загубила повеќе свои припадници. А при крајот на мај и почетокот на јуни, НАТО ненамерно ја нападнал Албанија! Притоа, пострадало селото Морине кај Кукс, кое изело околу 32 натовски бомби и ракети. Повеќе трактори биле уништени, магариња почнале да рикаат, селаните и странските дописници се разбегале, а албанската војска во очај запукала кон натовските авиони за тие да престанат да ја кембечат Албанија! Со вакви пријатели, кому требаат непријатели?

Косово и Западна Македонија

По поразот на српската шовинистичка политика на Милошевиќ, Шешељ, Аркан, Караѓиќ, Младиќ и ним сличните, кои нималку не ги поддржувам, Косовските Албанци конечно се осамостоија. И guess what? Тие почнаа да спроведуваат иста таква политика кон неалбанците на Косово. Толку од бладањата за толеранција, мултикултура и сл. Во март 2004, врз малубројните преостанати Срби на Косово беше извршен погром. Притоа, беа уништувани цркви и манастири, затоа што тие потсетуваат на богатата српска историја и култура на тие простори, додека од илирската и дарданската, во која се колнат албанските антиквизатори, таму нема ништо. Ни пирамиди, ни колосеуми, ни полско веце.

Косово е всушност фејл на Албанците. Косово е de facto втора албанска држава, но не и de jure. Таа, всушност, е компромис сличен на кипарскиот. Уставот го опишува Косово како мултиетничко, српскиот јазик таму е официјален, а Косовските Срби имаат загарантирани места во власта. Во преамбулата нема Албанци, а понатаму низ текстот тие се спомнуваат само двапати. На косовското знаме нема ништо албанско, а според уставот, тоа ја симболизира мултиетничноста. Тука веројатно се мисли на ѕвездите кои се наоѓаат на него, кои, наводно, ги претставуваат нејзините етнички групи. На него има и географска карта, која порачува дека Косово нема територијални претензии и дека тоа не е Голема Албанија. Косовските Албанци мораа да ги голтнат овие понижувачки компромиси за меѓународната заедница да ги признае, па наместо Голема Албанија, тие добија обезличено мулти-култи државиче со некакво ЕУ знаме, слично на босанското. Погромот од 2004 не им помогна. Косово не е Албанија и ова останува нивна национална траума.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Косовска атракција: Емин Џиновци (Emin Xhinovci), ветеран од УЧК, реинкарнација на Хитлер.

Дополнително, Косово е меѓународно полупризнато и не е член на ООН. Тоа не е признаено дури ни од некои членки на ЕУ: Шпанија, Романија, Словачка, Грција и Кипар. По одделувањето на неговиот северен (српски) дел, Косово е фактички крња држава како и Кипар. На економски план, Косово е на европското дно и она малку стопанство што тоа го поседува е создадено во времето на СФРЈ од фондовите за нејзините помалку развиени делови. Изгладнетите граѓани на Косово сега сочинуваат значаен процент од лажните азиланти во западните земји. Во таа дисфункционална држава функционира само мафијата. Познатиот косовски публицист Ветон Сурои изјави дека одбива да прими орден од косовскиот претседател Хашим Тачи, затоа што го обвинува за, цитирам: „заробување, изолација, поткрадување и духовно и ментално осиромашување на Косово, како и за одлив на населението и губењето на политичкиот консензус и перспектива на младите".

По војната на Косово, следела и онаа кај нас (2001). На чело на албанските милитанти бил Али Ахмети, дотогаш жител на Швајцарија, кајшто му била дијагностицирана параноидна шизофренија и заради истата му била исплаќана инвалиднина од 3000 франци месечно (ова го откри новинарот Виктор Фингал во списанието „Ле Матин“ од Лозана). Во јуни 2001, албанските милитанти го зазеле Арачиново, со што се нашле на чекор до нашиот главен град, но набргу биле искембечени, па Американците го евакуирале она што останало од нив со автобуси. Причината за оваа спасувачка мисија била тоа што во селото имало американски државјани. Најверојатно се работи за екс-припадници на американските сили, вработени во приватната компанија Military Professional Resources Inc. (MPRI), кои го продаваат своето искуство на секој оној, кој е заинтересиран да плати. Во списокот на нивни клиенти се Колумбија, Екваторијална Гвинеја и други фини места. Овој настан кај нас предизвикал големи контроверзи и анти-американски чувства. Околу 3 месеци подоцна, во Кулите - Близначки во Њујорк се слупале два авиони, а еден замалку не улетал у Пентагон...

За Албанците националното има приоритет над верското, но нештата се менуваат. Во 2007, илегалните имигранти во САД, браќата Дритан, Шаин и Елвир Дука од Дебар, беа упасени заради планирање на напад врз воената база Форт Дикс во Њу Џерси, инспириран од оние на Бин Ладен. Меѓу Албанците се појавуваат дури и ИСИС-овци. Косово станува нивен регрутен центар, а од нив посебно се истакна Лавдрим Мухаџери, кој во Сирија, пред ТВ камери го уништи својот косовски пасош (пораката му беше дека панисламизмот нему му е побитен од национализмот). Но тоа и не е така страшно. Косовскиот пасош е еден од најнебараните на црниот пазар и котира на 96-тото место, рамо до рамо со бангладешкиот, јужносуданскиот и еритрејскиот. Со него не моеш да отидеш ни до самопослуга по цигари. Мухаџери некогаш работел за НАТО во Косово и Авганистан, а Вудроу Вилсон по којзнае кој пат се превртуе у гроб.

Дронови

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Лека Втори со Морина, тогаш прикриен од безбедносни причини.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Морина у ќорка.

На 14.10.2014, албанскиот фудбалски хулиган Исмаил Морина пушти дрон со картата на Голема Албанија на мечот Србија-Албанија во Белград, со што предизвика големи тензии и насилство, за потоа, во својата земја да биде пречекан како херој. Во одборот за дочек бил дури и Лека Втори, а нивната заедничка фотографија предизвика големи контроверзи по социјалните мрежи. Но, по овој „кралски дочек", Морина беше уапсен во Албанија за поседување на оружје, при што му беше одземен пасошот, па тој избега оттаму и некако стигна во Хрватска, чии власти истотака го уапсија и решија да го испорачаат на Србија! Во тек се судски процедури, разгледување на жалби и дипломатски натегања, а Морина моли, плаче и колне да не биде испорачан на Србите, додека тие го тешат дека нивните затвори „не се така страшни". Морина не можеше да биде присутен на раѓањето на своето трето дете и во моментов, тој е сè уште затворен во Хрватска и заглавен во бирократските лавиринти, што е казна сама по себе.

Последниот Крал на Албанците

Лека Втори е сега носител на иредентистичката титула Крал на Албанците, наследена од неговиот сулуд татко, кој почина во 2011. Кога не е зафатен со инфантилно сликање со бандити, фудбалски хулигани и великоалбанци, Лека Втори дава конструктивни и добрососедски изјави дека ја поздравува двојазичноста во Македонија, што е „чекор кон зближувањето на двете држави", а на неговата свадба во 2016, меѓу гостите беше српскиот, односно југословенскиот престолонаследник Александар Карађорђевић. Како Лека ги спојува овие неспоиви нешта, никому не му е јасно.

Патем, престолонаследникот Александар е син на кралот Петар, кој побегнал во егзил по фашистичката окупација на Југославија во 1941, односно е внук на кралот Александар, кој бил претворен у швајцарски сир во Марсеј во 1934 од страна на Владо Черноземски од ВМРО. Престолонаследникот Александар остана запаметен по тоа што, при својата прва посета на Србија во 1991, нему му беше принесена тепсија со српска земја, па тој клекна да ја бакне при што пасеше трева (која тука штрчеше). Така српскиот крал се напасе трева, а Лека Мсизиве, очигледно, знае да си избере друштво. Иронично, додека обичните Срби и Албанци меѓусебно си вадат очи, нивните кралеви одлично си се дружат.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Српскиот престолонаследник Александар Карађорђевић (десно) на свадбата на албанскиот крал Лека Втори (WTF?!).

Од виртуелна кралска титула се нећеш ’леба најести, па Лека Втори сепак мора по нешто да работи. Во даден период, тој бил службеник на албанското МВР и МНР и советник на претседателот. Благодарение на Лека Втори економијата на Албанија процвета! Сивата и црната, де. А истотака и трговијата. Со дрога, оружје, бело робље, органи и украдени автомобили. Таму залутал дури и џипот на познатиот англиски фудбалер Бекам, кого крадците потоа се обиделе да го прошверцуваат во Македонија, но тој бил запленет од нашите граничари. Бекам дури пишувал молби до нашето МВР истиот да му биде вратен.

Харе Рама

Во веќе споменатите валкани бизниси учествува и премиерот Еди Рама, на кого самите Албанци сакаат да му ебат мама. Против него, во Албанија секојдневно се одржуваат протести, чии учесници симболично ги гаѓаат владините згради со брашно, кое треба да претставува хероин или кокаин. Брашно-револуција? За албанското село Лазарат веќе одамна не е тајна дека е центар за производство на марихуана и дека полицијата таму не смее да стапне, па ако е ова општо познато, можете само да си замислите што тогаш тајно се произведува во Албанија. Најголем дострел на Рама е тоа што, како градоначалник на Тирана, тој ги префарба старите комуњарски згради во најразлични бои и тука некаде завршуваат неговите државнички способности. Сега Рама мора малце да ги замајава граѓаните со Тирански Платформи за да се одржи на власт, инаку ќе заврши во апс.

Рама има далечни корени од с. Дарде или Дорда (Dardhë), општина Дреново (Drenovë) во Корчанската Област, кое се наоѓа до границата со Костурско, Грција, близу пл. Грамос. Од штурите податоци дознав дека таму живееле православни Албанци, Грци, погрчени Власи (Влахоелини) и малку наши Бугари, но гркомани. Штом селото имало патријаршиска црква и школо, тогаш тоа било „грчко", барем во очите на османлискиот милет-систем. Називот на селово на албански значи круша и фактички тоа е „Крушево". Можно е да има некаква влашка врска помеѓу него и нашето Крушево, а обете се зимски рекреативни центри. Во османлиските времиња, тука немало граници, па можеби кај Рама ќе најдете нешто наше. Се глеа наш чоек - лопов и лажов, а тоа што личи на српскиот актер Сергеј Трифуновиќ е башка тема. На Балканов не се знае кој кого тртел. Толку од чистата илирска раса.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Премиерот на Албанија: Једи, Рама, једи...

ВЕШТАЧКА ДРЖАВА (КАКО И СИТЕ ДРУГИ)

Албанија, всушност, е еден мултиетнички конгломерат, како и сите држави на Балканот. Па и нашата, де. Со таа разлика што ова нам постојано ни се труби в уво и ние мораме да го внесеме во нашата официјална политика, додека од Албанија тоа не се бара и нејзе ѝ е дозволено да си ги фура своите националистички и антиквизаторски платформи.

Дали знаете, например, што значи називот на градот Саранда на албански? Ништо, но на грчки значи „Четириесет" (од манастирот Четириесет Маченици). Називот на градот Химара, пак, на грчки значи Порој, додека Ѓирокастер е испервертиранo Аргирокастро (Сребрена Тврдина). Албанија до ден денес има и куп словенски топоними и хидроними, и тоа, некои од нив се во нејзината внатрешност, далеку од Македонија, Србија или Црна Гора: Divjakë, Dobrenjë, Drashovicë, Kozare, Nepravishtë, Novoselë, Ostrovicë, Roskovec, Shushicë, Trebinjë, Visokë итн. Дури и вториот највисок врв во Албанија има словенски назив, Jezercë (2694 м.), а градот Берат во средновековните записи фигурира како Белград. Главниот град на Албанија, Тирана, е турски. Основан е во 1614 од Сулејман Паша и именуван е според Техеран, Персија (сега Иран), затоа што типов таму водел битки. Топонимот Черкезе-Морине (Çerkezë-Morinë), пак, укажува, дека таму имало доселување на Черкези. Тие барале засолниште во Османлиската Империја, откако нивната земја потпаднала под руска власт. Слично нешто се случувало и со Кримските Татари. Доста мухаџири (муслимани - бегалци) доаѓале и од Босна, откако, во 1878, таа преминала од османлиска под австро-унгарска власт. Во османлиските времиња, во Албанија се доселиле и поголем број на Арапи, Маври, Нубијци и припадници на други етнички и расни групи.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Маварче во скадарска носија, автор: Пјетро Маруби (1834-1903), италијански доселеник во Албанија и нејзин фото-пионер.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

„Арап – чувар на општината" (Arapi i Beledijes) на албанскиот сликар Коле Идромено (1860-1939), Уметничка Галерија Скадар.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Муслимански бегалци (мухаџири) од австро-унгарската Босна ја продаваат ќерка им на пазарот во Скадар, „Илустрејтед Лондон Њуз", 19.05.1906.

За големата етничка и расна измешаност на Албанија сведочел и славниот Бајрон во својата поема „Странствувањето на Чајлд Харолд" (1812). Во неа, меѓудругого, тој пишува за својата посета на градот Тепелена, кајшто во негова чест сега стои спомен-плоча, како и за средбата со османлискиот деспот од албанско потекло Али Паша Тепеленски (попознат како Јанински), кој, наводно, му бил љубовник. Според Бајрон, во дворецот на Али Паша престојувале робови, евнуси, војници, гости и свештеници од „сите климатски зони". Во ова шаренило се мешале: „Турчинот, Гркот, Албанецот и Маварот",„некој Та(р)тар со висока капа", „мажите од Македон со шалови со боја на кармин" и „темниот, осакатен (кастриран?) син на Нубија". Како наследство од ова шаренило останало презимето Арапи или Харапи, кое го носеле или го носат повеќе познати Албанци, како например: соборецот на Али Паша Јанински, Јусуф Арапи; католичкиот свештеник, мислител и политичар Антон Харапи; добитникот на Златниот Венец на Струшките Вечери на Поезијата за 2008, Фатос Арапи; композиторот Тонин Харапи; фудбалерите Ренато и Флоренц Арапи; а во Албанија постои и планински врв со назив Арапи или Харапи (Maja e Arapit / Harapit ). Покрај Али Паша Тепеленски или Јанински, кај Албанците имало уште еден познат Али Паша, но овој бил Мухамед Али, османлискиот владетел на Египет. Во негово време, меѓу таа земја и Албанија имало значителна миграција, што придонело за етничкото и расно шаренило на второнаведенава. Во своите трудови, ова го потврдува Доријан Кочи, познат историчар од Албанија и директор на нејзиниот Музеј за Национална Историја.

Измешаност постои и во албанскиот јазик. Човек не мора да биде лингвист или филолог за да сфати дека тој јазик, кој е демек „илирски", всушност, 90% се состои од латинизми, грцизми, словенизми, турцизми или други позајмици. Зборот југ на албански се преведува како jug; пиле како pulë; маче е mace; краставица - kastravec; дим - tym; пијалок - pije; беседа - bisedë; бразда - brazdë; брег - breg; лопата - lopatë; плуг - plug; праг - prag; ориз - oriz; коска - kockë; орев - arrë; душкање - nuhatje (њухати); костен - gështenjë (кестење или гр. κάστανα, лат. castanea); ливада - livadh (гр. Λιβάδι); јаболко - mollë (гр. μήλο); дом - shpi (гр. σπίτι, лат. hospitium); желба - dëshirë (споредете со англ. desire); обожување - adhuroj (англ. adore); свежо - freskët (англ. fresh); овошје - frutë (англ. fruit); воздух - ajër (англ. air); судбина - fat (англ. fate); кусо - shkurt (англ. short); страв - frikë (англ. freaking out); ѕвер - bishë (англ. beast); душа - shpirt (англ. spirit, лат. spritus); мир - paqe (лат. pax); вторник - marte (според римскиот бог Mars), среда - меркуре (според римскиот бог Mercurius); кошула - këmishë (лат. camisia); спроти - kundër (лат. contra); правилно, незаобиколно или непосредно - drejtë (лат. directus); куче - qen (лат. canis); петел - gjel (лат. gallus); собрание - kuvend (лат. conventus); народ - popull (лат. populus, итал. popolo, шпан. pueblo, фр. peuple, англ. people); броевите два, три и четири - dy, tre, katër (лат. duo, tres, quattuor, итал. due, tre, quattro, шпан. dos, tres, cuatro, фран. deux, trois, quatre); песна - këngë (лат. cantus, итал. canzone, фр. chanson, шпан. canción, порт. canção, англ. chant); темно сино - blu; црвено - kuq (гр. κόκκινο, лат. cocceus); зелено - gjelbër (лат. galbinus, но на германски Gelb значи жолто); жолто - verdhë (што на други јазици значи зелено: лат. viridi, итал. и шпан. verde, фран. vert). И така натаму.

Да склепаш „илирски јазик" без ќорав илирски збор – тоа е стварно нешто! Кога вакви елементарни зборови во еден јазик се странцизми, за каква тоа расна или јазична чистота праиме муабет? Не, ова не беше к’о оној пациент што на ТВ толкуваше „античко-македонски" зборови, ова е for real! Или преведено на албански, ова е vërtetë (лат. veritas, итал. verità, фр. vérité, шпан. и порт. verdad или по наше, ова е вистина, т.е. за верување). Знам, знам, сега некои ќе „се вадат" дека слични зборови има во сите индоевропски јазици, затоа што тие имаат еден ист корен, но од примерите кои ви ги наведов, дури и на морон му стана јасно „колку е саатот" или на албански, orë (лат. hora, гр. ώρα, англ. hour). Накусо, албанскиот јазик не е изолат како што е баскискиот, да речеме.

Фактички, во етногенезата на Албанецот се вмешале Грци, Римјани, Турци, Словени, Марсовци и што ли уште не. Некои тврдат дека Албанците потекнуваат од т.н. Кавкаска Албанија (Азербејџан и дел од Дагестан), со чии жители тие навистина делат многу сличности, но за оваа теза немам докази. Како и да е, во 1912, албанските национални идеолози решиле од овој недефиниран миш-маш да прават „национална држава" или на албански shtet (англ. state).

За таа цел, тие морале да прават разни фабрикации, како оние околу Илирите и Скендербег, како и оние во ИВЗ. Иако Албанија е нешто подобра во третманот на малцинствата во споредба со некои други балкански држави, таа не им избегала многу и во неа сепак била спроведувана извесна асимилација, менување на одредени топоними, лични имиња и сл., а дури и денес, нашите сонародници таму не ги уживаат сите права, се јавуваат проблеми со пописите итн. Ете така некако била оформена албанската нација.

Нејзиниот симбол, двоглавиот орел, истотака не е оригинален и најверојатно е преземен од Византија (Источното Римско Царство), од периодот на династијата на Палеолозите. Од тој двоглав орел биле инспирирани и рускиот, српскиот и црногорскиот. Се вели дека по разделувањето на Римското Царство на Западно и Источно, неговиот орел добил втора глава, па така, левата гледала кон Рим, а десната кон Константинополи (по наше Цариград или денес Истанбул). Се смета дека симболот има христијански конотации, затоа што во Рим е сместен католичкиот Ватикан, а во Константинополи - православната Вселенска Патријаршија. Некои го толкуваат истиот како симбол за поврзаноста на државата со христијанството, затоа што токму во Византија, тоа било за првпат прогласено за официјална религија. Други велат дека симболот е всушност многу постар (уште од античките Асирци и Хитити) и дека претставува „власт како над Западот, така и над Истокот". Баш ме интересира кое е албанското објаснување, ако уопште постои. Свој двоглав орел имала и т.н. Света Римска Империја во Средниот Век (всушност германска), потоа соседната Австриска, како и Кралството Ломбардија – Венеција, кое било во нејзин состав. Овој хералдички симбол се среќава низ светот во повеќе варијации, па и кај самите Албанци постоеле разни пред да се дојде до оваа денешнава.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Горе: Византиската, Руската и Светата Римска (Германска) Империја. Долу: германско знаме од XIX век, Ломбардија – Венеција и рана албанска варијанта.

Друг препознатлив симбол на Албанците е белото капче од нивната машка народна носија, но слично има и кај многу други муслимани низ светот (такија). Навистина, тоа не е 100% исто, но сепак е многу слично. Албанското капче во некои делови од Албанија не е во форма на полутопка, туку е како бел фес, што е најверојатно преземено од Турците. Називот на албанскиот народен инструмент lahuta е дојден од арапскиот лут, додека двожичниот çifteli е наречен според турското чифт, што значи пар, а во Турција постои и танец çifteteli. „Албанската национална кујна" е истотака турска или општо ориентална, како и сите на Балканот (ќебапи, баклави). Накусо, кај Албанците нема нешто претерано оригинално, како што тоа делува на прв поглед.

Тоа беше историјата на Албејнија, романтична земја на „принцови", „принцези", „преЦедатели" и Изногуд, калиф уместо калифа.

Вангел Башевски - Барми (www.vbb.mk)

Слични содржини

Балкан / Култура / Историја
Балкан / Култура / Теорија / Историја
Општество / Балкан / Теорија / Историја
Европа / Балкан / Став / Култура / Историја
Балкан / Теорија / Историја

ОкоБоли главаВицФото