Почнува осмото издание на Филозофски филмски фестивал

09.04.2018 01:29
Почнува осмото издание на Филозофски филмски фестивал

Филозофското друштво на Македонија информира дека Главната програма на 8. Филозофски филмски фестивал ќе се одржи од 12 до 19 април во Кинотеката на Македонија.

Второто интернационално издание на Фестивалот ќе понуди богата и разновидна програма во различни сегменти со учество на голем број домашни и странски филозофи, професори, истражувачи, режисери.

„За вљубениците во „филозофскиот“ филм ја препорачуваме Официјалната селекција (краткометражна и долгометражна компетиција); оние што преферираат класични предавања и дискусии, ги покануваме на настаните од Придружната програма; додека посветените и во филмот и во филозофијата секако добредојдени се на случувањата од Ревијалната програма: филм-философија.

Посебно сакаме да ја истакнеме Едукативната програма, во којашто освен добропознатите сегменти од минатите години (Средношколска видео лектира и Работилница за млади), за првпат кај нас го воведуваме и делот за учениците од пониските класови на основното образование - Филозофија за деца. По завршувањето на Главната програма преку ФФФ Караванот ќе ја пренесеме атмосферата и духот на Фестивалот во неколку градови од земјата“, соопштуваат организаторите.

Повеќе детали за програмата можат да се најдат на веб страницата на Фестивалот : http://philosophicalfilmfestival.mk/programa-fff18/, како и на ФБ страницата на Фестивалот (https://www.facebook.com/filozofskifilmskifestival).