На кројачките (во погоните и дома)

09.04.2018 15:51

Патека ситни убоди, скица на тукушто опишан нов континент.
ако ја следиш научуваш

како од ткаенината настанува систем. излез од апстракција:
светот е одраз на веќе постоечка мапа, наместо обратно –

веќе знаете, неволји со паркирните места, јаготки во крв,
октомври, очекувана навала од небото. облека замачкана со тело.

и тој храм напуштен, на една ноќ претворен во кино, во леб
кој се дроби, зад себе

остава трошки кои, кога еднаш сè ќе се заврши, сигурно
ќе ве одведат дома, ќе ги сочуваат очите од колвање, душата од друга

душа и уши; од Барбра Стрејсенд која се свива, како водоводна
цевка во еврејската четврт и повраќа, секогаш повраќа дожд.

така континентот, како fantasy роман, станува засекогаш истрошен,
сите негови цицачи во твојот златен албум

се бакнуваат преку пластиката и никогаш, никогаш еден со друг не се проголтуваат.
конфекцијата се надвиснала, како сенка, над испразнетата лушпа од телото.

сè се напнало. патеките никаде повеќе не водат, шевовите ги изедуваат птици
и оние препарираните потоа паѓаат врз градот, како клунест снег, сè

умира; но илјада години живеат диско кралевите, цврсти, високо кренати –
ни една смрт не би можело да ја отсвири: гудалото на тоа грло.

Превод: Игор Исаковски

 

ОкоБоли главаВицФото