Не мора да пиете цела кутија антибиотици?

10.04.2018 01:16
Не мора да пиете цела кутија антибиотици?

Колку пати ни повторувале од сите страни: испиј цела кутија антибиотици, не прекинувај на половина кога ќе ти биде подобро!

Ако не ја испиеш цела кутија, ти се заканува бактериска резистентност. Антибиотиците веќе нема да дејствуваат!

Меѓутоа, во последниве години се трупаат докази кои им одат во прилог на сосема спротивните школи на размислување: кратките терапии со антибиотици можат да бидат подеднакво ефикасни како и подолгите. Дури, имаат и некои предности. Впрочем, се покажало дека подолгите терапии со антибиотици предизвикуваат проблем.

Според метастудијата од 2010 година, која опфатила 24 студии и илјадници пациенти со уринарни инфекции, како и инфекции на дишните патишта, подолгото лекување со антибиотици често предизвикува бактериска резистентност во однос на пократкото.

Имено, со внесувањето антибиотици не само што го уништуваме причинителот за болеста, туку и сите оние „добри“ бактерии кои живеат во нашето тело и кои ни се потребни. Во нивно отсуство создаваме услови некои други бактерии, помалку пријателски, да го колонизираат нашето тело и да ни создадат здравствени проблеми. Антибиотикот не дејствувал на нив, тие се безбедни. А, колку подолго пиеме антибиотик и ги уништуваме нашите добри бактерии, толку е поголема шансата да се реализира ова сценарио.

Пребарувајќи ги причините за тврдењето дека кутијата антибиотици мора да се испие докрај, дури и кога оздравел пациентот, професорот по инфективни болести Мартин Лувелин од Медицинското училиште во Брајтон и Сасекс заклучил дека тоа се проширило уште во педесеттите години. Тогаш лекарите почнале да ги убедуваат пациентите дека терапијата мора да потрае 5 или 7 дена, плашејќи се дека тие на своја рака ќе ја прескокнат или прекинат.

Дури, правилото од 5 или 7 дена нема баш никаква медицинска основа, повеќе се однесува на 5 прсти или 7 дена во неделата, вели Лувелин, додавајќи дека впрочем многу е подобра идејата да престанете со терапијата кога ќе исчезнат симптомите на болеста и кога ќе се чувствувате подобро.

Иако, Светската здравствена организација сè уште се држи до ставот дека турата антибиотици мора да се испие докрај, некои други здравствени организации, како Центарот за контрола на болести од САД или Здравствената агенција на Англија, веќе го променија гледиштето.

Лувелин и уште осум британски експерти од најважните универзитети и здравствени институции од оваа земја во едно писмо ја повикаа Светската здравствена организација и другите креатори на здравствени политики, едукаторите и лекарите да ја прошират пораката за напуштање на старите практики. Тие навеле дека антибиотската резистентност е голема закана за човечкото здравје и дека затоа мораме да ја намалиме навиката за препишување и пиење непотребни антибиотици.

Илустрации: Julien Pacaud

Извор: http://naukakrozprice.rs

ОкоБоли главаВицФото