Сто години „Улис“

11.04.2018 01:53
Сто години „Уликс“

Дванаесетте членови на семејството Џојс (таткото, мајката и десетте деца) биле Даблинци. Синот Џејмс се родил во 1882 година. Се школувал во исусовските институции, но на 20-годишна возраст, во 1904 година, засекогаш ќе ја напушти Ирска.

Збогувањето е само физичко, литерарно засекогаш ќе им остане верен на ирските, поточно даблинските теми. Џојс не заминал сам. Со себе ја поведе и својата животна партнерка Нора Барнакл, која ја запознал на 16 јуни, 1904 година. Подоцна, од тој датум ќе го направи најважниот ден на светската книжевност. Нора била необразована собарка и сугурно не била личност за која некој би помислил дека целиот живот, практично била единствената љубов на Џојс.

Всушност, никој освен таткото на Џејмс. Кога го слушнал презимето на пријателката на Џејмс („barnacle“ е англиски назив за школка што се лепи на дното на бродовите) рекол: Никогаш нема да се ослободиш од неа.

Џојс сакал многу работи: да биде оперски пејач, да студира медицина во Париз, но морал некако да се издржува себе си и Нора, со која живеел целиот живот, но се оженил со неа дури во 1933 година, како што вели во едно писмо, од тестаментарни причини, па почнал да се занимава со, како што денес би се рекло со TEAFL (Teaching English As Foreign Language). Наскоро се родиле и деца (Првото во 1905, а второто во 1907 година) Предавал англиски јазик во школата за странски јазици на Берлиц, прво во Пула, а потоа во Трст. Таму се дружел со еден од втемелувачите на модерната италијанска проза, Итало Свево.

Подготовка

Цели осум години Џојс се натегал со издавачите и уредниците околу објавувањето на својата прва прозна книга, збирката раскази „Даблинци“. Два пати било растурано печатењето на книгата, а неколку пати уредниците го уценувале Џојс да промени дел од текстот.

Денес, повеќе од едно столетие подоцна, звучи неверојатно дека на тогашните уредници зборот „bloody“ (крваво) им се чинел непристоен, па објавувањето на книгата го условиле со исфрлањето на овој збор. Во периодот на издавањето на „Даблинци“, Џојс веќе го завршувал својот краток роман преполн со автобиографски елементи „Портрет на уметникот во младоста“. Но, овие две книги само се пролегомена, подготовка за најголемото дело на Џојс, неговиот магнум опус, „Улис“.

Овој роман, Џојс го пишувал десетина години: од 1914 до 1924 година. Во едно писмо од 1921 година кажува дека дотогаш за пишувањето на „Улис“ потрошил околу 20 илјади часови.

А што е всушност „Улис“? Одговорот на ова прашање би можел да биде бесконечен. „Улис“ е роман од околу 800 страници (има повеќе од двестотини и шеесет илјади зборови и вокабулар од околу триесет илјади), чиешто целокупно дејство се случува во Даблин, од осум часот наутро на 16 јуни, 1904 година (датум што таа година се паднал во четврток) до три часот по полноќ, на 17 јуни.

Дејствието се концентрира на три главни ликови: средовечен пар Евреи – Леополд и Марион Блум (Molly Bloom), како и на младиот поет Сефан Дедалус, главниот јунак на претходниот роман на Џојс „Портрет на уметникот во младоста“. Ова е важно да се спомене затоа што и некои епизодни ликови од „Портретот“ и од „Даблинци“ се присутни во „Улис“.

Но зошто извонредно реалистичната фреска на Даблин од пред стотина години е насловена со тој хомеровски наслов? Вака вели Џојс: „Ликот на Одисеј секогаш ме маѓепсуваше, дури и како момче. Многумина критичари на „Улис“ гледаа како на нова верзија на „Одисеја“, каде Лоеполд Блум во своите секојдневни, летни, градски прошетки пародично го претставувал Уликс, неговата неверна жена Моли ја претставува чедната Пенелопа, а Стефан е Телемах.

На ова силно се спротивставува Владимир Набоков говорејќи дека во книгата постои само многу матно и воопштено хомеровско ехо. Во негов прилог е фактот што самиот Џојс се одрекол од псевдохомеровскиот наслов на поглавјата што постоеле во првата верзија, додека романот излегувал во продолженија. Но голем број критичари, денес, се служат со овој наслов за да ги докажат своите тези.

Преводи

Невозможно е да се набројат сите стилски иновации и откритија што Џојс ги презентирал во ова дело. И денес писателите ширум светот се напојуваат од неговиот извор. Сепак, „Улис“ не е дочекан со фанфари. Книгата двапати била на суд, Џојс бил нарекуван валкан порнограф спрема кој Рабле е многу пристоен писател, приемроците од третото издание биле јавно палени.

Меѓутоа, оние обдарените со посуптилно уметничко сетило веднаш ја препознале вистинската вредност на делото. Само десетина години по објавувањето книгата стана класична и канонска. За секој преведувач „Улис“ претставува вистински предизвик. Книгата е преполна со јазична маестралност, интерјазични игри, многу е тешка за преведување. Но, сепак преводот е возможен. (На нашите јазици постојат три преводи: на Златко Горјан, Лука Паљетак и Зоран Пауновиќ).


Извор: Oslobođenje

 

ОкоБоли главаВицФото