Елвис

11.04.2018 23:08

Мојата бивша девојка
не пееше како Елвис.
едноставно не успеваше
да го изведе вистинскиот тон,
сеедно секогаш
го мешаше со вода.
не е потребно да кажам
колку во тоа
имаше успех.
освен тоа, кикириките беа сјајни
брилијантинот отворен;
венец ружички послан
со чесната острица на срцето.
Елвис беше под земја, одамна
мртов.
и тоа беше нешто преку кое
никако не можев
да преминам.

Превод: Игор Исаковски

 

ОкоБоли главаВицФото