
Андреа Фрејзер (Andrea Fraser, 1965) е една од најистакнатите претставнички на т.н Институционална критика (Institutional critique) во современата уметност. Нејзините перформанси во текот на 1990-тите ја популаризираа оваа специфична практика на изразена уметничка самосвест и критичка рефлексивност, насочена кон критика на самите институции кои се вклучени во презентирањето, изложувањето, продажбата на уметност и креирањето на вредностите. Делата на Фрејзер се карактеристични по кометарот и критиката на политиката, трговијата, историите, хиерархиите на современите уметнички музеи, како и механизмите за исклучување во уметноста.
L’1%, c’est moi е првата самостојна изложба на Фрејзер во Шпанија и опфаќа селекција на дела од над три децении на критички ангажман во доменот на уметноста.
Погледнете го краткото видео во кое таа зборува за најсуштинските аспекти на својата практика.
Извор: Museo Universitario Arte Contemporáneo