Акција за садење цвеќиња низ Скопје

13.04.2018 14:27
Акција за садење цвеќиња низ Скопје

„Дали ги имате забележано камените блокови низ Скопје? Често се користат како место за фрлање отпадоци, но всушност се жардињери наменети за зеленило. Одлучивме да ги потсетиме нашите граѓани на ова, со тоа што од блоковите исчистивме пикавци, пластични чашки и шишиња и на нивно место засадивме љубичици“, велат од младинската иницијатива.

Погледнете како изгледаше акцијата низ Скопје на ViridiQ, младинска иницијатива која сака да ги охрабри граѓаните да направат промена во начинот на нивното живеење, да преземат акција, да развијат еколошки навики и да се стремат кон создавање помалку отпад.

Извор: МОФ

 

ОкоБоли главаВицФото