5 најчудни скулптури на европски ѕвезди

14.04.2018 00:51
5 најчудни скулптури на европски ѕвезди

Иако филмските, музичките и спортските ѕвезди се големи имиња, скулптурите што ги прикажуваат не секогаш соодветствуваат со нив. Ова се најчудните статуи на европските ѕвезди, од Дејвид Боуви до Колин Фирт.

Дејвид Боуви

Британската поп легенда сакаше да се претставува креативно. Сепак, не е јасно дали тој би сакал оваа скулптура да го претставува со коњски нозе - можеби како алузија на лик од грчката митологија. Скулптурата е речиси исто толку мистериозна колку и животот и делото на Дејвид Боуви.

Колин Фирт

Ова ужасно прикажување на британскиот актер имаше турнеја низ Велика Британија во 2013 година. Статуата од 3,6 метри е изработена од фиберглас и првично беше дел од рекламната кампања на британски медиум. Таа ја претставува легендарната сцена од „Гордост и предрасуди“, во која Колин Фирт како г-дин Дарси излегува од езерото.

Арнолд Шварценегер

Во 2011 година, поранешниот Мистер Универзум си подари сопствена скулптура. Со намера да го претстави поранешниот бодибилдер на најдобар начин, американскиот уметник Ралф Крафорд изработи мускулеста бронзена фигура која е висока три метри и тежи повеќе од 300 килограми. Таа се наоѓа пред поранешниот дом на неговите родители во австрискиот град Грац, кој сега е музеј на Шварценегер.

Џина Лолобриџида

Актерката Џина Лолобриџида работеше како скулптор со децении. Таа го дизајнираше моделот за оваа статуа со височина од шест метри. Таа се наоѓа во италијанскиот град Пјетрасанта. Уметничкото дело ја претставува Џина во улогата на Есмералда во филмот „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ од 1956 година, кој претставува врв во нејзината кариера.

Зинадин Зидан

Скулптурата го отсликува еден од најтрагичните моменти во кариерата на француската фудбалска легенда. За време на финалето на Мундијалот во 2006 и последниот натпревар од неговата кариера, Зидан го удри со глава во гради својот италијански противник Марко Матераци. Доби црвен картон и беше исклучен од игра. Сцената е изработена од бронза од алжирскиот уметник Адел Абдесемед во 2012 година.

Извор: DW

 

ОкоБоли главаВицФото