Еволуција на глупоста

14.04.2018 02:29
Еволуција на глупоста

Тој е снаодлив, отворен, вешт со предметите и способен да пронајде решение таму каде другите дури и не гледаат дека постои проблем – се покажува дека тој е интелигентен. Меѓутоа, малку е надвор од времето.

Замислете: ако со некаков времеплов човек од Средниот век би се преместил во сегашноста, би можело да се очекуваат секакви сценарија (бројни видовме во филмовите со просечна продукција), но, не е исклучено дека, гледајќи како се снаоѓа, учи и ги владее алатките, ќе бидеме изненадени колку е интелигентен.

Иако денес веќе несомнено знаеме, а одредени студии дури зборуваат дека човечкиот коефициент на интелигенција расте низ историјата, едно е мошне сигурно – дојденецот од минатото полесно би се снашол и прилагодил во нашиот комфорен свет, отколку ние во неговиот суров феудален систем.

Дали тоа значи дека луѓето пред 500 години можеби биле поинтелигентни од нас? И дека за неколку илјади години земјата ќе ја населува вид кој е значително поглупав од оној што денес владее со светот?

Ова екстремно гледиште го заговара генетичарот Жералд Крабтри од Универзитетот Стенфорд во САД. Тој смета дека интелигенцијата опаѓа со развојот на цивилизацијата, за што нуди серија сосема интелигентни, еволутивни аргументи.

Имено, нешто не е во ред со еволуцијата на глупоста. Таа, како појава која не придонесува за успешноста на еден вид, за еволуционистите би морала да се повлекува во истите оние вилаети на развојот каде се скриле некогашната човечка опашка или нозете кај синиот кит и другите морски цицачи. Но, очигледно дека тоа не е случај.

Еволуцијата полека ги трансформира организмите кон поуспешни, подобро адаптирани и, најпосле, поинтелигентни. Но, ако е така, зошто преку природната селекција глупоста не се намалува кај новите генерации? Зошто глупоста веќе не е исчезната под притисокот на селекцијата?

Жералд Крабтри смета дека луѓето со повисока интелигенција имаат помалку потомци или дека често воопшто не се репродуцираат, така што во вкупниот резервоар на гените на оние паметните се малцинство. Тоа значи дека глупоста со генерации станува доминантна.

Благодарение на соработката помеѓу луѓето, која е сè посилна со развојот на цивилизацијата, условите за живот се подобри и поглупавите луѓе имаат помали шанси да настрадаат заради глупоста, што ја затапува и острицата на природната селекција.

Според трудот на Крабтри кој е објавен во списанието Trends in genetics тоа сите нè наведува кон општество, а можеби и нов вид, кој е сè поглупав и поглупав.

Нешто за тоа може да се види во научнофантастичниот филм на Мајк Џуд „Идиократија“ од 2006 година, кој го опишува светот на глупаците од иднината и според кој хипотезата на Крабтри го добила името.

Idiocracy (2006) 

Извор: http://naukakrozprice.rs

ОкоБоли главаВицФото