10 најдобри женски парфеми на сите времиња

15.04.2018 23:15
10 најдобри женски парфеми на сите времиња

Овие парфеми му одолеале на заборавот и на модните трендови и затоа заслужија да се најдат на топ листата на најдобрите.

1.Chanel No. 5

Коко Шанел во 1921 година првпат ја креирала оваа незаборавна мирисна нота внесувајќи малку ванила, роза и јасмин, бидејќи и самата била во потрага по „мирисот на жената“. Времето покажало дека дека оваа мирисна нота останала поим на она што секоја жена би сакала да го постигне со својот парфем.

2. Shalimar, Guerlain

Настанал во 1925 година, а негов татко е Жак Герлен, се смета за уште еден стар, но класичен парфем. Тој е светол и романтичен со додаток на цвет од перуника и ванила и е идеален да се носи преку ден. Името на мирисната нота настанала според древната приказна за царот кој својата сакана првпат ја видел во градините на Шалимар.

3. Poison, Christian Dior

Poison е силно зачинет, дизајниран е со многу коријандер и тубероза (необичен мирис, за парфеми се користи есенцијалното масло од цветот и од зависност на количината, тој доминира повеќе или помалку). Поисон е парфем кој нема директен конкурент на пазарот, а жените или го сакаат или им е многу непријатен. Настанал во 1985 година и е исклучително екстравагантен, токму какви што беа раните 80-ти години.

4. L’Air du Temps, Nina Ricci

Ова е типично женска нота, рафинирана и нежна, а станува збор за првиот, т.н. дебитантски парфем на Нина Ричи, кој настанал во 1948 година и кој сè уште е многу популарен. Спојот на гарденија, мошус, роза и сандаловина, овој парфем го чини еден од најчистите што кога било се направени.

5. Classique, Jean Paul Gaultier

Познат по шишето во облик на корсет и сензуалниот мирис, Класик го означи почетокот на нов тренд во производството на парфеми за жени, а новата логика на трендот би можела да се нарече „врцкавост“ и „сјај“. Мешавината на круша, орхидеја и цвет на портокал и денес важи како најдобро оружје за заведување.

6. Coco Mademoiselle, Chanel

Помлад од другите, овој парфем создаден во 2001 година го освежува списоков, иако во неговиот состав се наоѓаат прилично стари мирисни ноти. Светол и елегантен, направен како еден вид посвета за Коко Шанел, денес е меѓу најпродаваните парфеми во светот.

7. Opium, Yves Saint Laurent

Откако се појави во парфимериите кон крајот на седумдесеттите години не поминува неговото време и препознатливата сензуална мирисна нота и натаму е во мода.

8. Youth Dew, Estee Lauder

Првата мирисна нота на оваа позната козметичка куќа е зачудувачки остра и луксузна. Познато е дека до денес се продадени повеќе од 250 милиони шишиња на парфемов, а тој тренд продолжува и понатаму и Youth Dew е секогаш на списоците на најпопуларните парфеми.

9. Eau Dynamisante, Clarins

Овој убав парфем се појави во 1987 година и претставуваше револуционерен концепт во светот на парфемите. Компанијата „Clarins“ со мешање на свежи мирисни ноти како лимон, портокал и рузмарин го создаде првиот парфем кој користи исклучиво ароматични есенцијални масла и не ѝ наштетува на кожата, туку ја негува, што во тоа време навистина беше исклучок. Од „Eau Dynamisante“ почнува производството на парфеми во природни услови и со нештетни состојки.

10. Euphoria, Calvin Klein

Тешко е да се одбере само една мирисна нота на Келвин Клајн, но меѓу многуте навистина се издвојува „Еуфорија“. Модерен и заводлив парфем благодарение на црната орхидеја, махагонито, љубичицата и, се разбира, на килибарот.

 

Извор: zivjetiupokretu.com


 

ОкоБоли главаВицФото