Тричасовен пијано - маратон на Дуња Иванова на плоштад во Скопје

17.04.2018 01:10
Тричасовен пијано - маратон на Дуња Иванова на плоштад во Скопје

Секој што на 16 април помина на плоштадот Македонија, од пладне до 15 часот имаше шанса ја слушне пијанистката Дуња Иванова. Нејзината цел е музиката, особено класичната, да излезе од концертните сали и да стане подостапна за поголема публика.

Пијанистката и педагог Дуња Иванова (1985) е магистар по пијано (2009) и докторант (2015) на Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје. Настапувала во Њујорк, Париз, на фестивалот „Сараевска зима“, на македонските фестивали „Скопско лето“, „Охридско лето“, „Денови на македонска музика“, „Музика вива“. Особено значајни се нејзините рецитали посветени на музиката на Збигњев Прајснер, Филип Глас, Лудовико Еинауди, Арво Перт, Руичи Сакамото.

Својот перформанс на плоштадот го наслови „Наминување“.

 

 Извор: Радио Слободна Европа

 

ОкоБоли главаВицФото