Мајка ми се смалува

17.04.2018 19:00

Мајка ми се смалува ли се смалува
и живее ли живее.
Нејзиното силно срце ја тера
безочно како машина
од една ноќ во друга.
Сите велат Вака веќе не може,
Но може.
Божем гледаш некого како се дави.

Да беше лотка, ќе речеш
месечината ѝ зрачи низ ребрата
а нема кој да ја управува,
а сепак не може да се рече дека само плута;
има некого внатре.
Слепите очи ѝ го осветлуваат патот.

Надвор, во нејзината запуштена градина,
плевелот расте речиси чујно:
кучешко грозје, златица, магарешки трн.
Штом ги ожнеам
веднаш надоаѓа нов бран,
сè до нејзиниот прозорец.
Го напаѓаат бавно ѕидот од тули,
ја задушуваат оградата и патеката,
го нагризуваат рабникот.
Нејзиниот стар збороред
се распаѓа самиот од себе.
Денес, по недели молчење,
Изговори реченица:
Не се согласувам.

Ја држам за рака, и шепотам,
Здраво, здраво.
Да ѝ речев Збогум,
Да ѝ речев, Предај се,
Што ќе стореше тогаш?

Но такво нешто не можам да речам.
Ветив дека ова ќе го истерам до крај,
што и да се случи.
Што би можела да ѝ речам?
Тука сум.
Тука сум.

Превод: Зоран Анчевски

 

ОкоБоли главаВицФото