Рогач

20.04.2018 01:07
Рогач

Еј, здраво, научив нов збор - keçiboynuzu! Од мојот пилјар Турчин од братска Анатолија. Му објаснував описно за она што го нема во Холандија, сушен рогач. Ќе нарача, имам анатолиска врска, со Ердоган сум газ и гаќи.

Во детството, кога во Нов Белград сè уште имаше дини и бари, живееше некоја баба во колиба од која кон небото се извиваше фабрички оџак. Потполно надреална слика. Не можам точно да ја одредам локацијата, но колибата се наоѓаше некаде не предалеку од зградата „осумка“, да речеме некаде помеѓу институтот Мајка и дете и Домот за здравје кај стариот Меркатор. Ние, петгодишни деца, за бабата верувавме дека е вештерка. Покрај нејзината колиба растеше рогач кој, додека сè уште не е исушен, пушта густ сок. Затоа го нарекувавме „бабини лиги“, крадевме од бабата и јадевме.

ОкоБоли главаВицФото