Сутра

20.04.2018 18:10

Денес беше побрза од мене. Побегна
дури сè уште се справував со мачнината
што ме кутна в постела. На Раб воздухот
е напоен со рузмарин, но мене
сосем ме премалува. Само ми се причинува
дека водиме љубов и тоа облечени. Се триеме
како две мачки, а без кулминација. Се будам препотен.
А ти, што правиш в град? Стоиш во пекарата
пипкајќи топол леб? На пазарот се ценкаш
за цената на салатата, за цената на животот? Продавачите
пак ти подметнуваат презреани овошки дури те голтаат
со поглед? Или од ѕидовите кинеш плакати
со бесмислени социјалистички пароли?
Чекаш на ред за својот дел?
Те следам од креветот. Ги гледам твоите чекори,
изразот на твојот лик. Понекогаш за миг
исчезнуваш од моето видно поле и те снемува
во некоја од тесните улички. Тогаш морам да тргнам по скратен пат
ако сакам да те стигнам. Бдеам над тебе, а ти тоа не го знаеш.
Твој ангел чувар сум. Не веруваш. Доказ сакаш.
Дојди, земи ги моите зборови, земи ги
пред да ги претворам засекогаш во воздух. 

Превод: Лидија Димковска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото