Еко здруженија до владата: Итно да се стопираат крајбрежните и урбани трансформации во охридскиот регион

23.04.2018 10:16
Еко здруженија до владата: Итно да се стопираат крајбрежните и урбани трансформации во охридскиот регион

Еколошките здруженија, „Фронт 21/42“, „ОхридSOS“ и „Еко-свест“ преку отворено писмо побараа од премиерот Зоран Заев итно воведување мораториум на сите крајбрежни и и урбани трансформации во Охридскиот регион, според препораките на УНЕСКО.

Во дописот здруженијата укажуваат на активности на терен кои веќе значат непочитување на препораката од УНЕСКО – како продолжување на изградбата на спорниот хотел во Лагадин; тампонирање, уништување на трската и поставување на бетонска основа во строго заштитениот крајбрежен појас.

„Бараме од Владата на Република Македонија во најбрз можен рок, не подоцна од 30 дена, да прогласи мораториум за сите крајбрежни и урбани трансформации на територијата на Светското природно и културно наследство – Охридскиот регион.

Очекуваме Владата да ги напушти одамна застарените концепти за развој кои јасно покажаа дека завршуваат со деструкција токму на вредностите кои се основа за одржлив економски развој, односно недвосмислена определба за заштита на нашето најголемо национално природно богатство, во согласност со современите економски и еколошки стандарди“, стои во писмото.

Здруженијата напоменуваат дека ваквиот мораториум во охридскиот регион е побаран уште во 2017 година од реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО и Комитетот за светско наследство на УНЕСКО.

„Препораката за прогласување на мораториум беше во групата на итни мерки, кои Владата требаше да ги спроведе до 01.02.2018. Сепак, додаваат во дописот, токму оваа препорака беше целосно игнорирана од страна на Владата во Извештајот за напредокот во спроведувањето на препораките од УНЕСКО. Владата на Република Македонија не само што ја испочитува оваа препорака, туку на својата 53та седница одржана на 06.02.2018 Владата усвои информации кои се однесуваат на активности во Охридскиот регион, а кои предвидуваат крајбрежни трансформации на Охридското езеро“, посочуваат еколошките здруженија.

Здруженијата потсетуваат и на скорешниот извештај за напредокот на Р. М од Европската Комисија,
во кој се бара централната власт да ги почитува обврските за заштита на природата.

Еко-здруженијата писмото го доставиле и до министрите за култура, животна средина и транспорт и врски.

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото