Работилница за деца: Модернистичката архитектура на Скопје

24.04.2018 14:11
Работилница за деца: Модернистичката архитектура на Скопје

Плоштад Слобода објавува отворен повик за учество во работилница за деца посветена на модернистичката архитектура на Скопје, а поддржана од програмата за култура на Град Скопје.

Со вложување на когнитивен напор и преку својата креативност, по посетите на одредени објекти, учесниците ќе се посветат на создавање на нивен коментар, премислување и разбирање на модерното архитектонско наследство на Скопје.

Учеството во предвидените работни сесии ќе им помогне на децата да ги подобрат своите аналитички и уметнички вештини, да споделат меѓусебно знаење и да стекнат афирмација на своето индивидуално и колективно уметничко изразување, односно да стекнат доверба во себе и во своето лично творештво.

Со учество во овој проект, децата вклучени во истиот ќе ја разберат важноста на посветеноста и можноста таа да биде забавна и исполнителна.

Дополнителни информации:

-за деца на возраст помеѓу 8 и 12 години
-по три часа на 28 и 29 април и на 5 и 6 мај 2018 год.
-специјални прошетки и посети на различни локации низ Скопје (НУБ, ГТЦ; МСУ и други)
-под раководство на Дивна Пенчиќ од Архитектонскиот факултет и Доротеј Нешовски,
визуелен уметник етаблиран во соработка со деца на различни возрасти
-креативна работа, неформална едукација и публикување на издание кое ќе биде каталогизирано и достапно во НУБ Св. Климент Охридски

рок за пријавување: 25.04.2018год. до 16ч.

нејаснотии и пријавување на: plostad.sloboda.skopje@gmail.com
071 464 967 или 077 702 379


 

ОкоБоли главаВицФото