Танц_ Политики, Различности и Простори

24.04.2018 15:34
Танц_ Политики, Различности и Простори

Локомотива- Центар за Нови Иницијативи во уметноста организира дводневен  настан „Танц_ Политики, Различности и Простори“ посветен на современиот танц, кој ќе се одржи на 25 и 26 април во Кино Култура - простор за современи изведувачки уметности и современа култура.

Локомотива- Скопје како дел од своите програмски активности создава нови  можности за креирање, развој и делување на професионалците во полето на современата култура и уметност.

Во таа насока, во рамките на овој настан ќе се претстават кореографски дела и дела во процес од млади кореографи и изведувачи од Македонија од независната танцова сцена во Македонија.

Настанот вклучуваа и презентации и дискусии за условите за развој, просторите и политиките во танцот во Македонија.

Специјални гости на настанот се претставници од EDN – European Dancehouse Network, во рамките на програмата “Encounter”, организирана од Kino Siska Centre for Urban Culture, European Dancehouse Network and Nomad Dance Academy.

Програма:

среда, 25 април

19:00 презентации на кореографски дела на Скопје Танцов Театар, Интерарт Културен Центар
19:30 „sensors“- работа во процес на Валентино Апостоловски
20:00 „MOONLIGHT“ работа во процес на Александар Георгиев и Дарио Барето Дамас

четврток, 26 април

10:30 Презентација на Кино Култура - простор за современи изведувачки уметности и современа култура, Виолета Качакова, Локомотива Скопје
11:00 Танцови простори, услови и моментална позиција на современиот танц во Македонија, Елена Ристеска, Локомотива Скопје
11:30- Политики во танцот, дискусија на ситуацијата на танцот во Македонија со студенти, изведувачки, кореографи, претставници од Министерство за култура, и гости, модерирана од Биљана Тануровска Ќулавковски, Локомотива Скопје