1019 hPa
75 %
2 °C
Скопје - Чет, 19.02.2026 10:59

Линда Банон и нејзиниот син Тими страдаат од Холт-Орам синдром - ретка генетска состојба која предизвикала тие да се родат без раце. И покрај нивната ситуација, тие живеат среќен живот во дом кој не е специјално прилагоден на нивниот хендикеп.
Навистина неверојатно, но тие сè прават со нозете, а Тими е спортска ѕвезда, постигнувајќи одлични резултати во пливање и таеквондо. Линда, пак, и покрај тоа што во текот на денот работи како воспитувачка во градинка, студира за да стане мотивациски говорник.
Во видеото снимено од Лаурентиу Гарофеану и неговиот тим може да се види како тие ги живеат нивните динамични и исполнети животи.
Извор: Barcroft TV