Фудбалскиот тим за глуви „Слобода“ победи на турнир во Косово

25.04.2018 11:54
Фудбалскиот тим за глуви „Слобода“ победи на турнир во Косово

Фудбалскиот клуб за глуви „Слобода“ од Скопје го освои првото место во конкуренција на 10 екипи на футсал турнирот во Косово кој се одржа на 21 ви Април.

Момците во финалниот натпревар со 3:0 победиле против футсал тимот за глуви „Спорт Хоупс“ од Софија.

Настапот на „Слобода“ на овој турнир, каде ја претставија Македонија во победничко светло, бил овозможен од личниот буџет на играчите. Клубот нема поддршка од државата, а средствата за настапи на ваквите турнири, покрај од својот џеб, успеваат да ги обезбедат и преку паричните награди од претходните турнири.

Ова не е прв ваков успех. Во 2014-та година „Слобода“ го освои првото место на турнирот во Скопје, второто место во Марибор, и 3-тото место во Истанбул. Во 2015-та година се вратија од Ниш, Србија, со медал за освоено второ место.

Извор: Радио МОФ

 

ОкоБоли главаВицФото