Успехот од средното училиште нема да влијае на запишувањето и цената на факултетската диплома

25.04.2018 17:05
Успехот од средното училиште нема да влијае на запишувањето и цената на факултетската диплома

БЕЛГРАД, 20 април 2018, (Njuz) - Повеќе приватни факултети во Србија постигнаа договор кој на идните студенти им гарантира дека успехот од средното училиште нема да влијае на запишувањето и цената на факултетската диплома.

Претставниците на факултетите велат дека ги усогласиле ставовите со Министерството за просвета и дека овие промени ќе станат важечки со почетокот на новата учебна година.

- „Ова е историски договор со кој ја воедначуваме праксата на сите факултети што им овозможува на нашите студенти поширок избор при запишувањето и сигурност во текот на студирањето“ - вели Петар Рајковиќ од Факултетот за менаџмент и водостопанство.

- „Завршувањето на средното училиште и подготовките за приемен испит се многу стресен период за сите идни бруцоши, кои се свесни дека нивнота иднина може да зависи од само еден поен. За жал, средните училишта понекогаш имаат невоедначени критериуми при оценувањето што може на учениците да им го отежне запишувањето и да имаат несогледливи последици врз животот на овие млади луѓе. Нашиот договор целосно го неутрализира влијанието на оценките од средното училиште што гарантира еднакви шанси за сите што имаат намера да купат диплома“ - објаснува професорот Рајковиќ.

Претставниците на факултетите сметаат дека оваа мерка кај студентите аа враќа довербата во образовниот систем и ги мотивира да дадат сè од себе за да дојдат до посакуваното академско звање.

- „На сите нас целта ни е да имаме што повеќе високообразовани кадри кои ќе умеат да одговорат на предизвиците што ги носи иднината. Системот кој моментално постои на универзитетите е архаичен, неприлагоден а современите тенденции во образованието и потребите на нашето општество. Потполно е несфатливо еден млад човек кој не може или не сака да присуствува на предавањата, вежбите или да полага испити да остане без факултетска диплома, иако има доволно пари да ја купи. Договорот што го постигнавме става точка на нерамноправноста при купувањето дипломи и претставува цврста гаранција дека нашиот образовен систем ќе создава кадри кои ќе дадат полн придонес кон општеството во целост“ - порача иницијаторот на договорот Јован Мичиќ од Унивезитетот Џон Меганезбит.

Извор: njuz.net