Напред!

25.04.2018 18:46
Напред!

Самостојната изложба на Ахмет Огут насловена „Напред!“ (Forward!) е одржана во Ван Абе музејот во Ајндховен (Van Abmemuseum, Eindhoven) во текот на 2015 година.

Ахмет Огут (Ahmet Öğüt, 1981) е курдски уметник од Турција, а според многумина и еден од позначајните млади уметници на денешницата. Неговите дела се истовремено комплексни и длабоки, но и игриви и хумористични, прилагодувајќи се на контекстот кој го тематизира и преиспитува.

Меѓу делата на оваа изложба, можат да се видат речиси сите негови позначајни дела, изведени во различни уметнички медиуми како инсталации, видеа, site-specific скулптури и долгорочни едукативни програми.

Едно од највпечатливите дела, секако е инсталацијата „Барикадата на Бакунин“ (Bakunin's Barricade, 2015), инспирирана од револуционерот Михаил Бакунин. Направенa специјално за оваа изложба, таа вклучува оригинални дела на Пикасо, Леже и други големи уметници од колекцијата на музејот. 

  

 Ахмет Огут, Барикадата на Бакунин, 2015, инсталација во Ван Абе музеј во Ајндховен

Погледнете го видеото во кое тој, запрашан за неговата позиција, ќе рече: „Моите дела ги гледам како настан кој е средба, платформа која вклучува луѓе“. „Мојата уметност не е политичка, туку општествена, а во едно општество мора и да живеете заедно“.

Извор: https://vanabbemuseum.nl

 

Слични содржини

Активизам / Свет / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Култура / Уметност / Настан / Око
Фотографија / Уметност / Око
Балкан / Уметност / Филм / Око

ОкоБоли главаВицФото