Нов вид рајска птица

26.04.2018 23:28
Нов вид рајска птица

Во западна Папуа, Индонезија, живее рајската птица, единствена меѓу 43-те рајски птици од семејството Paradisaeidae. Таа е една од најинтересните рајски птици.

Мажјаците имаат елегантен ритуал на додворување, ја шират својата црна наметка додека не се појават само светлосините плочки на градите и сините очи што се истакнуваат во црнилото. Потоа мажјакот го почнува танцот, движејќи се околу женката во полукружни движења додека таа не се вљуби.

До неодамна научниците сметаа дека оваа импресивна птица е единствена меѓу 43-те рајски птици што го сочинуваат семејството Paradisaeidae. Но во списанието „PeerJ“, орнитологот Едвин Скоулс и фотографот Тим Ламан додаваат нов детаљ во нејзиното име: рајска птица Вогелкоп.

Комбинацијата на теренска работа и музејската анализа доведоа до заклучок дека Вогелкоп е генетски различна од другите рајски видови, и затоа сега е наречена голема рајска птица.

Германското име на новиот вид (се преведува како „птичја глава“) било инспирирано од изолираниот регион во индонезиска Нова Гвинеја, за кој се вели дека на мапата наликува на глава од птица и некогаш бил германска колонија.

Како и неговиот роднина, Вогелкопот има една од најцрните бои на Земјата. Микроскопската структура на нивните пердуви апсорбира речиси 100 проценти од светлината. Мажјаците имаат светло сини ознаки кога го формираат она што личи на лице од цртан филм кога се обидуваат да ги заведат женките.

Но, постојат и разлики.

На пример, за време на танцот едната птица ги свиткува колената и скока. Додека Вогелкопот, пак, со нозете прави брзи, мали движења ефикасно префрлајќи се од една на друга страна.

„Изгледа како некој да навил детска играчка и ја ставил на мазен под", вели Скоулс од Лабораторијата за орнитологија на Корнел.

Овие рајски птици имаат и различни песни: додека поголемата произведува силна бучава, Вогелкопот испушта попријатни тонови.

Скоулс и Ламан - истражувачи на „National Geographic“, првпат ги забележале необичните вокализации на Вогелкопот во 2009 година. „Песната беше радикално поинаква од оние што ги знаевме“, вели Скоулс.

Нивните претпоставки за нов вид се потврдиле во 2016 година, кога група независни истражувачи пронашле генетски варијации во примероците на рајските птици, што укажува на присуство на различни видови. Потоа ова откритие било потврдено и со неколкумесечни истражувања на терен.

Извор: National Geographic

 

ОкоБоли главаВицФото