Танц во музејот

27.04.2018 23:33
танц во музејот

Можеби кога помислуваме на уметничкиот перформанс гo гледаме како нешто сосема поинакво од она што најчесто се прикажува во музеите. Навикнати сме музеите како Тејт, да ги сметаме за институции кои колекционираат и презентираат предмети, но перформасот се одвива во живо и е ефемерен. Се случува и потоа го нема.

Но, современиот танц и перформансот сè почесто се претставени во овој вид институции. Во првата епизода од серијата посветена на оваа тема „ Зошто да се танцува во музеј? Како уметноста стана активна“, историчарката на уметност, Џеки Клајн, подетално зборува за пет различни начини на кои овој вид ефемерно творештво се вклучува внатре, а понекогаш и надвор од музејот.

 Извор: Tate

ОкоБоли главаВицФото