Италијански архитекти конструираа брод што ќе се движи на човечки погон

30.04.2018 00:44
Италијански архитекти конструираа брод што ќе се движи на човечки погон

Замислете дека со тренингот во салата за вежбање не само што ќе му дадете погон на вашиот ден, туку истовремено со силата на вашите мускули ќе може да движите брод по река.

Токму ова е идејата на пловечката сала за вежбање, дизајнирана од италијанското архитектонско студио „Carlo Ratti Associati“.

Париската сала за вежбање што ќе плови по реката Сена, ќе се движи на човечка енергија добиена од луѓето што вежбаат.

Дизајнот на стаклен меур на посетителите на пловечката вежбална им овозможува и убави глетки на Ајфеловата кула и градот.

„Фитнес бродот" е со должина од 20 метри и може да собере до 45 луѓе. Има велосипеди и машини за вкрстено тренирање, а во реално време покажува податоци за околните услови на Сена.

Машините за вежбање се поврзани со инвертер, кој ја претвора моќта на педалата во електрична енергија. Оваа енергија го напојува уредот, а струјата што ја генерира системот (машина и корисник) потоа го напојува бродот за вежбање.

Карло Рати, основачот на архитектонското студио, кое ја изработи шемата вели:
„Парискиот брод за вежбање го истражува потенцијалот за употрба на човечката сила. Фасцинантно е да се види како енергијата генерирана од тренингот во салата може да помогне во движењето на бродот. Тој овозможува еден вид опипливо искуство на она што лежи зад често апстрактното поим „електрична енергија".

Извор: Independent

 

Слични содржини

Технологија / Живот / Теорија
Технологија / Живот / Теорија / Историја
Технологија / Живот
Технологија / Екологија / Живот

ОкоБоли главаВицФото