Изложба на мал формат во Белград

30.04.2018 22:17
Изложба на мал формат во Белград

Бисера Крцковска, NR/ 10.30, од серијата New Rythm, 2017, колаж, 12 х 12 см

Во неделата, на 29 април, во релаксираната атмосфера на кафулето Zaokret во Белград, беше отворена изложба на мал формат.

Организаторот Kulturforum Pop-Up, надвор од формалниот галериски простор, им овозможува на посетителите на кафулиња и барови на ул. „Цетинска“ бр. 15 спонтано и „попатно" да ја истражуваат современата уметничка сцена на млади автори.
Изложени се над педесет дела на повеќе од триесет актуелни млади уметници, кои учествувале на претходни групни изложби на дела од мал формат организирани од Kulturforum ODKR.

Меѓу авторите од локалната сцена, како што се Горана Бачевац, Ирена Гајиќ, Александар Лазар, Бискотека, Катарина Петровиќ и други, изложува и Бисера Крцковска, визуелна уметница од Скопје, која овде се претставува со колажи од серијата „Нов ритам“ (New Rhythm, 2017).

Бисера Крцковска (1992 / Скопје) завршила магистерски студии на Архитектонскиот факултет во Скопје во 2016 година. Работи во архитектонското студио БМА, а паралелно се занимава и со визуелна уметност. Во своите дела се потпира на архитектонската графичка естетика во деликатни колажи со хармонизирани композиции.
Досега ги реализирала самостојните изложби: Ever Pure (Ротердам, 2015 г.), Polarities (2017 г., PrivatPrint, Скопје) а учествувала и на неколку групни изложби во странство.
Учествувала во повеќе проекти, меѓу кои се Македонскиот павилјон Absorbing Modernity: 1914 – 2014 на 14-тата Меѓународна изложба за архитектура – Биеналето во Венеција, изложбата Невидливо Скопје / Места на секојдневно урбано живеење и 1960-тите: Светот, Скопје и скопјани, одржани во Музејот на град Скопје, како и на овогодинешното Биенале на млади уметници во Музејот на современта уметност во Скопје (фебруари-март 2018).

Учесници на Pop-Up изложбата се:
Иван Шуковиќ, UVID, Јована Чaјовиќ, Нина Живковиќ, Бранка Наѓ, Миња Ѓурѓевиќ, Александар Перовиќ, Катарина Марковиќ, Милица Мила Ристиќ, Богдан Павловиќ, Ивана Рајиќ, Бисера Крцковска, Biskoteka, Милан Петковиќ, Горана Бачевац, Александар Дениќ, Lovers, Валентина Брковиќ, Ирена Гајиќ, Јована Ољача, Јелена Мијиќ, Милош Сибиновиќ, Владимир Лалиќ, Тина Мариќ, Марија Аничиќ, Mariah Scary, Соња Лундин, Никола Велички, Мина Пишчевиќ, Миодраг Ниниќ и Александар Лазар.

Изложбата ќе биде отворена до 20 мај 2018 година.

Горана Бачевац

 

Бискотека

 

Ирена Гајиќ

 

Александар Лазар

 

Катарина Петровиќ

 

Извор: designed.rs

 

Слични содржини

Балкан / Уметност
Балкан / Уметност / Карикатури
Балкан / Уметност / Филм / Око
Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото